Две нови организации се вклучија во Мрежа 23

Категории

Две нови организации се вклучија во Мрежа 23

Транспаренси интернешнл и КХАМ Делчево се вклучија на мрежата на организации за следење и застапување на политики во Поглавјето 23: правосудството, темелните права и борбата против корупција.

Мрежа 23 е мрежа на граѓански организации основана во 2015 година. Мрежата настојува да се поттикне јавна дебата во Република Македонија за политиките од Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, како и застапување на политики засновани на аргументи и докази. Мрежа 23 се стреми да овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото.

Мрежа 23 сега брои 14 членки:
  1. Институт за европска политика – Скопје
  2. Хелсиншки комитет за човекови права во Република Македонија
  3. Коалиција сите за правично судење
  4. Институт за човекови права
  5. Центар за стратеги и развој „ПАКТИС“ – Прилеп
  6. Здружение на финансиски работници
  7. НВО Инфоцентар
  8. Коалиција „Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници“
  9. Еднаков пристап
  10. НОВУС
  11. Плоштад Слобода
  12. Мултикултура
  13. Транспаренси интернешнл Македонија
  14. КХАМ Делчево