Квалитетната комуникација го зголемува влијанието на организациите

Категории

Квалитетната комуникација го зголемува влијанието на организациите

Квалитетната комуникација го зголемува влијанието на организациите. За таа цел, Мрежа 23 го ангажираше експертот Дарко Булдиоски да одржи работилница за подобрување на комуникациските практики на организациите членки.

На работилницата, организациите се стекнаа со подобро разбирање на комуникациските процеси, како дел од проектниот и организацискиот менаџмент. Воедно, учесниците имаа прилика да се стекнат со знаења за подготовка на комуникациски стратегии, да ги осознаат практиките за комуницирање преку различните видови комуникациски канали, како и да подготувваат комуникациски производи.

На работилницата се подготвуваше и Нацрт-стратегија за комуникација на Мрежа 23. По завршување на првиот ден од работилницата, се одржа годишен состанок на Мрежа 23.

Работилницата се одржа на 18 и 19 декември 2017 година, како дел од проектот „Мрежа 23+“, кој е финансиран од Европската Унија.

Галерија