МЗМП и Асоцијација ЗЕНИТ се вклучија во Мрежа 23

Категории

МЗМП и Асоцијација ЗЕНИТ се вклучија во Мрежа 23

Македонското здружение на млади правници (МЗМП) и Асоцијација за развојни иницијативи - ЗЕНИТ се вклучија во мрежата на организации за следење и застапување на политики во Поглавјето 23: правосудството, темелните права и борбата против корупција - Мрежа 23.

Мрежа 23 е мрежа на граѓански организации основана во 2015 година. Мрежата настојува да се поттикне јавна дебата во Република Македонија за политиките од Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, како и застапување на политики засновани на аргументи и докази. Мрежа 23 се стреми да овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото.

Во моментов, во Мрежата 23 учествуваат 16 граѓански организации.
 

Галерија