СППМД се приклучи на Мрежа 23

Категории

СППМД се приклучи на Мрежа 23

Совет за превентива против малолетничка деликвенција (СППМД) се приклучи на Мрежа 23. Сега во мрежата членуваат 17 организации.

СППМД е основана во 1996 година, а главните активности се насочени кон превенција од различните облици на асоцијално и девијантно однесување на децата и младите во Кавадарци.
Работата на СППМД главно е поделена во два сектори:
  • правен сектор, кој работи на подобрување на положбата на малолетниците во рамките на системот за малолетничка правда, преку промени и подобрувања на малолетничкото законодавство, како и соодветната понатамошна имплементација;
  • младински сектор, чија цел е да се организира на слободното време на младите во Кавадарци и селата во соседството, како и обезбедување на различни можности за вклучување во разни форми на неформално образование и активности.
СППМД во моментов работи со група од околу 80 млади, на возраст од 13-19 години, како и со околу 25 волонтери, на возраст од 21-35 години.

Мрежа 23 е мрежа на граѓански организации основана во 2015 година. Мрежата настојува да се поттикне јавна дебата во Република Македонија за политиките од Поглавјето 23 од пристапувањето во ЕУ, како и застапување на политики засновани на аргументи и докази. Мрежа 23 се стреми да овозможи граѓаните да имаат свој збор во клучните прашања на демократијата и владеењето на правото.

Во моментов, во Мрежа 23 учествуваат 17 граѓански организации.