Дијалог за политика: Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист

Категории

Дијалог за политика: Конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист

Институтот за европска политика на 8 јуни 2018 година (петок) спроведе дијалог за политика на тема „конфискација на имот и нелегално стекната имотна корист“, во Јавна соба, во рамките на проектот Мрежа 23+. На оваа работилница имаа свои воведни обраќања д-р Симонида Кацарска, директорка на ЕПИ и министерот за внатрешни работи г. Оливер Спасовски. 

Говорници на панелот беа:
  • Д-р Слаѓана Тасева, Претседателка на Транспаренси интернешнал – Македонија
  • Проф. Д-р Лазар Нанев, судија
  • Драган Малиновски, адвокат
  • Проф. Д-р Бобан Мисоски, професор на правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје

На дискусијата се вклучија претставници од институциите надлежни за спроведување на овие мерки, претставници од граѓанските организации, како и претставници од академијата.

Овој дијалог за политика имаше за цел структуирана дебата за опциите за унапредување на соработката на институциите и целовкупниот систем со цел успешно спроведување на мерката конфискација.

Расправата се организира во рамки на проектот Мрежа 23+, кој е финансиран од Европската Унија и ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Проектот го спроведуваат Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Документи за преземање

 Конфискација на имот - извештај од дијалог за политики

Галерија