Дијалог за политика: Реформи за ослободување на државата

Категории

Дијалог за политика: Реформи за ослободување на државата

Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ на 8 јуни 2018 година спроведе дијалог за политика на тема „Реформи за ослободување на државата“, во Јавна соба, во рамките на проектот Мрежа 23+. Воведот на овој дијалог го даде г-а Уранија Пировска, директорка на Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ.

Говорници на дијалогот за политика беа:
  • М-р Гоце Коцевски, проектен менаџер и координатор за правна помош и застапување во Македонското здружение на млади правници, на тема: „Реформите во правосудството и човековите права“
  • Татјана Калајџискa, началник во МВР - Одделение за превенција и интегритет при Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, на тема: „Воведување на надворешна контрола на полицијата“
  • Сибел Амет, правна советничка во Хелсиншкиот комитет за човекови права на РМ, на тема: „Реформите во затворите и почитување на правата“
Расправата ја модерираше Хајди Штерјова Симонович од Хелсиншки комитет за човекови права во РМ.
 
На дискусијата се вклучија претставници од институциите и граѓанските организации.

Дијалогот има за цел структуирана дебата за како спроведувањето на реформите во правосудниот систем, вклучително и реформите во полицијата и затворскиот систем се одразува на почитувањето на основните човекови права на луѓето во Македонија.

Расправата се организира во рамки на проектот Мрежа 23+, проект кој е финансиран од Европската  Унија и ко-финансиран од амбасадата на Кралството Норвешка во Белград. Проектот Мрежа 23+ го имплементираат Институтот за европска политика и Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ.
 

Документи за преземање

 Реформи за ослободување на државата - извештај од дијалог за политики

Галерија