Нацрт-извештајот во сенка за Поглавје 23 презентиран пред експерти

Категории

Нацрт-извештајот во сенка за Поглавје 23 презентиран пред експерти

Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија одржаа експертска работилница на која беше презентиран нацрт-Извештајот во сенка за Поглавјето 23. Работилницата се одржа на 7 февруари 2018 година, во Хотелот Буши.

Претставниците од институциите, граѓанските организации и независните експерти имаа прилика да се запознаат со содржината на извештајот, но и да ги коментираат наодите и да дадат свој придонес кон текстот.
Финалната верзија од Извештајот во сенка ќе биде презентиран на крајот на идниот месец.
--
Проектот Мрежа 23+ е финансиран од Европската Унија. Проектот е имплементиран од Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.

Галерија