Започнато е спроведувањето на проектот Мрежа 23 - вмрежување за влијание (NETWIT 23)

Категории

Започнато е спроведувањето на проектот Мрежа 23 - вмрежување за влијание (NETWIT 23)

Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ) започна со спроведување на проектот Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23) на 15 мај 2018 година.

Општата цел на проектот е да се придонесе за зголемување на влијанието на граѓанското општество во создавањето на политиките во областа на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, во контекст на европската интеграција.

Проектот има три специфични цели:

Ц.1: Зголемување на капацитетите на ГО за вмрежување во областа од Поглавјето 23 – правосудство и темелни права;
Ц.2: Зголемување на придонесот на граѓанските организации во јавните политики од Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, преку подобрен мониторинг врз основа на докази и предлози за политики;
Ц.3: Подобрување на дијалогот на ГО со институциите со цел подобрување на јавните политики во Поглавјето 23 – правосудство и темелни права.

Проектот е замислен делумно како конфинансирање на постоечкиот проект „Мрежа 23+“, кој е финансиран од Европската Унија, и делумно како негова надградба, со што се мултиплицираат ефектите од постоечките проекти. Овој проект ја поддржува одржливоста на Мрежата 23 која е препознаена како водечка платформа на граѓански организации во оваа област од јавноста и носителите на одлуките.

Проектот ќе придонесе веќе вмреженото граѓанско општество во Македонија да се адаптира на променатата политичка средина, која овозможува дијалог со институциите низ нова европска агенда.

Времетраење на проектот: 15.05.2018 – 15.05.2019

Буџет: 41.682 EUR

Донатор: Балканскот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград