Стратешка работилница: Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ

Категории

Стратешка работилница: Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ

На 5 и 6 јули во хотел Радика во Маврово, Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права организираа стратешка работилница „Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ“.

На работилницита учествуваа претставници од организициите дел од Мрежа 23, како и претставници од Секретаријатот за европски прашања и министерствата за првда и надворешни работи. Работилницата имаше цел да ја подготви Мрежа 23 за зголемено влијание во следните чекори во пристапниот процес и да ги подигне капацитетите на граѓанските организации за ефективен придонес во процесот на преговори.

На првиот ден од работилницата Горица Атанасова Ѓоревска од МНР, Билјана Стојаноска Дочински од СЕП и Бојана Босилкова од министерството за правда ја презентираа динамиката на  процесот на преговори со ЕУ и потребата за придонес од невладиниот сектор.

Вториот ден од работилницата беше посветен на развојот во ЕУ и барањата на пристапниот процес, како и на Acquis-то на ЕУ во Поглавјето 23 и улогата на Мрежа 23 во преговорите.

Работилницата беше организирана во рамки на проектот Мрежа 23 - Вмрежување за влијание (NETWIT 23) финансиран од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград.

Документи за преземање

 Агенда на работилницата

Галерија