На 5 и 6 јули во хотел Радика во Маврово, Институтот за европска политика и Хелсиншкиот комитет за човекови права организираа стратешка работилница „Можниот придонес на Мрежа 23 во пристапувањето во ЕУ“.
Завршната конференција „ Поглавје 23: Македонското сидро или едро?“ се одржа на 23 мај 2019 година, во Хотел Арка – Скопје.
Сто здруженија, сојузи, фондации и мрежи на граѓански организации побараа Собранието веднаш да свика седница на матичното тело за Предлог-законот за спречување и заштита од дискриминација, Комисијата за труд и социјална политика и да ја заврши законодавната постапка пред претседателските избори.
Од 16 до 18 декември 2018 година, во хотелот Радика во Маврово се одржа работилница за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори со ЕУ. Работилницата беше фокусирана на Поглајвето 23 и на неа учествуваа членките на Мрежа 23.
Мрежа 23 достави коментари на предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во ЕУ.