Документи

Области

 Презентација 14 П23 Слобода на изразување

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Членот 11 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и членот 10 од Европската конвенција за човекови права подразбираат право на слобода на изразување, вклучително и почитување на слободата и плурализмот на медиумите.

Повеќе

 Презентација 1 П23 Судство

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Членот 49 ДЕУ поставува услов новите земји-членки да ги почитуваат и промовираат вредностите на ЕУ. Член 2 ДЕУ/член 19 ДЕУ/член 67 ДФЕУ признаваат дека иако државите имаат различни правни системи, тие мора да ги почитуваат заедничките стандарди за владеење на правото за да обезбедат ефективна правна заштита (ефективен правен лек/фер судење). Ова право е наведено во членот 47 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и членовите 6 и 13 од Европската конвенција за човекови права.

Повеќе

 Презентација 17 П23 Права на лицата со попреченост

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

На 30 март 2007 година, Европската заедница ја потпиша Конвенцијата на ОН за правата на лицата со попреченост (ОНКПЛП), која за ЕУ стапи во сила на 22 јануари 2011 година. ОНКПЛП признава дека попреченоста е концепт кој се развива: „лица со попреченост се лицата што имаат долгорочни физички, ментални и интелектуални или сензорни нарушувања, кои во интеракција со различни бариери во ставовите и средината може да го попречат целосното и ефективно учество во општеството на еднаква основа со другите“.

Повеќе

 Презентација 2 П23 Антикорупциска политика на ЕУ

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Членот 67 ДФЕУ налага Унијата да се труди да обезбеди високо ниво на безбедност преку мерки за спречување и борба против криминалот; Членот 83 (1) ДФЕУ ја наведува корупцијата помеѓу особено тешките кривични дела со прекугранична димензија за која може да се утврдат минимални правила за дефинирање на кривични дела и санкции и член 84 ДФЕУ содржи можност за воспоставување мерки за промовирање и поддршка на дејствувањето на земјите-членки на полето на спречување на криминалот. Антикорупциските инструменти на ниво на ЕУ вклучуваат: Европскиот семестар за економско управување; главните одредби за АС во релевантните правни иницијативи; техничка и финансиска поддршка и учество на меѓународни форуми активни во борбата против корупцијата: GRECO, UNCAC, G20, OECD.

Повеќе

 Презентација 16 П23 Права на граѓаните на ЕУ

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 15 П23 Заштита на податоци

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 12 П23 Малцинства

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Принципот на недискриминација е вграден во членот 2 ДЕУ, членот 21 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и Копенхашките критериуми за членство во Европската унија. Главен инструмент за заштита на малцинствата на Советот на Европа е Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (РКНМ), додека има и други инструменти наменети за заштита на принципот на недискриминација, како што се: Европската конвенција за човекови права , Европската социјална повелба и Европската комисија на Советот на Европа против расизмот и нетолеранцијата.

Повеќе

 Презентација 11 П23 Стандарди за притвор

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Членот 4 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и различните процедурални права ги поставуваат стандардите за притвор во ЕУ. Обединетите нации ги воспоставија следните инструменти во оваа област: Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување и нејзиниот факултативен протокол и Стандардните минимални правила на ОН за постапување со затворениците (Нелсон Мандела), додека Советот на Европа ги воспостави и стандардите за притвор во Европската конвенција за човекови права и Европската конвенциjа за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Повеќе

 Презентација 10 П23 Права на жртви на криминал

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 8 П23 Родова еднаквост

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Родовата еднаквост се смета за една од основните вредности на ЕУ. Регулирана е со членовите 2 и 3 ДЕУ, членот 8 ДФЕУ и членовите 21 и 23 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија.

Повеќе