Документи: Правосудство - Професионализам / стручност / ефикасност

Области

 Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022

  •  30 мај 2019
  •  Институт за европска политика / Асоцијација Зенит
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022. Период: март 2019-мај 2019

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

 Инфографик за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) во периодот на 2018/2019 година

  •  28 март 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Инфографик за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) во периодот на 2018/2019 година

Повеќе

 Втор квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 - 2022

  •  28 март 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Втор квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 - 2022

Повеќе

 Процена на влијанието на регулативата на Законот за судови

  •  14 декември 2018
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Оваа анализа има цел да придонесе за унапредување на состојбите и имплементација на европските стандарди во делот на судството, имајќи го предвид националниот контекст.

Повеќе

 Правните предизвици пред Специјалното јавно обвинителство

  •  01 декември 2018
  •  Проф. д-р Гордан Калајџиев
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

 Збирка резимеа од истражувања на грантистите од проектот Мрежа 23+

  •  29 јуни 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

• Кон граѓански паноптикон: подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите • Кој вработува, општината или партијата? • Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт • Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Република Македонија • Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II • Бесплатна правна помош – предизвици и решенија • Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија • Анализа на Законот за одредување на видот и висината на казната • Анализа на примената на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Повеќе

 Мислење за измените на Законот за судови (РМ 83/2018)

  •  28 јуни 2018
  •  Антоанета Димовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

МИСЛЕЊЕ ЗА ЗАКОНОТ ЗА ИЗМЕНА И ДОПОЛНУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА СУДОВИТЕ (Службен весник на РМ 83/2018 ) Јуни, 2018 година Издавач: Институт за европска политика – Скопје и Хелсиншки Комитет за човекови права на РМ Автор: судија м-р Антоанета Димовска

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе