Документи од регионална димензија

 Анализата на квалитет и воедначеност на судските одлуки во граѓанско-правната област

  •  17 септември 2021
  •  Душко Георгиевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Анализата на квалитет и воедначеност на судските одлуки во граѓанско-правната област изработена од страна на Душко Георгиевски, опфаќа 88 анонимизирани одлуки од четирите апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година (со исклучок на една, која е донесена на почетокот на 2021 година). Главна цел на анализата е од една страна, преку квантитативни показатели да се изврши квалитативна оцена на одлуките донесени во дадениот период на ниво на сите четири апелациски подрачја и на национално ниво преку ваквата анализа да се утврди дали според овој критериум има некакви слабости што се карактеристични за определено апелациско подрачје. Додека, пак од друга страна, во делот на воедначеноста на судските одлуки, да се утврди дали се внимава на балансот меѓу еднаквоста на луѓето пред законот и правната сигурност и немањето ригидност, развој и судска независност.

Повеќе

 Предизвици во решавање на проблемите во граѓанско-правната област

  •  16 септември 2021
  •  судија Антоанета Димовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Изборот на судии со интегритет, кредибилитет и знаење е првиот предуслов за каква било реформа во судството, без вакво нешто нема квалитет во судството и сè друго што ќе биде предложено е без значење. Но, факт е дека има голем број судии кои посветено ја работат својата работа и во целиот овој период одолеваат на разните влијанија и обиди да бидат дискредитирани. Спроведувањето на секоја реформа е тежок процес што бара многу работа, посветеност, но нам не само што ни е неопходен туку е и единствен услов навистина да станеме држава каква што посакуваме сите. Не помалку важно е да се напомене дека реформата мора да се спроведе истовремено во сферата на персоналните решенија, материјално-техничката опременост, процесните закони, материјалните закони, затоа што секое поинакво пристапување кон реформата нема да биде реформа.

Повеќе

 Анализа на квалитет и воедначеност на судските одлуки во кривично-правната област

  •  14 септември 2021
  •  Натали Петровска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Судските одлуки треба да се изготвуваат на достапен, едноставен и јасен јазик, тие мораат да бидат аргументирани, јавно објавени во разумен рок и засновани врз праведна и јавна расправа. Согласно практиката на ЕСЧП, образложенијата мораат да содржат аргументација во однос на решавачките и клучните тврдења, аспекти и наводи што биле пресудни за донесување одлука во определен правец. Целта на оваа анализа, е да придонесе кон унапредување на квалитетот на судските одлуки во делот на кривичното право, на самата постапка, како и да придонесе кон унапредување на воедначеноста на одлуките со цел да се одговори на очекувањето на граѓаните за правото на фер и правично судење и пристапот до правда.

Повеќе

 Бугарското искуство во реформата на правосудството како предизвик за пристапувањето во ЕУ

  •  13 септември 2021
  •  Јулијана Николова
  •  Mеѓународен
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Документот е достапен само на англиски. The process of reform of the judiciary in Bulgaria is still ongoing, with no establishment of a solid and clearly defined framework for the judicial system or consensus amidst political parties, the judiciary, and the public on the concept for the development of the setup and organisation of the judicial system in sight. The role and place of the prosecution and investigation against the Prosecutor General and deputies thereof are the issues that fuel most of the debates and are a source of perpetual disagreement. The road towards the resolution of those fundamental issues spreads across the metaphorical minefield that is the legacy of prior amendments, including judgments of the Constitutional Court. The experience of Bulgaria indicates that the consensus of parliamentary parties alone is not sufficient to effect reforms as parliamentary representation tends to be too dynamic, especially in times of crises that follow one after another. A muc

Повеќе

 Академски блог: Како да ја подобриме правната култура во Македонија

  •  25 август 2021
  •  Натали Петровска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Друго

Судските одлуки е потребно да бидат јасни и концизни, но и покрај тоа, во одредени индивидуални одлуки на судовите на национално ниво се утврдени обемни параграфи кои би требало да обработуваат различни сегменти од фактичката состојба, а кои се тешки за следење од страна на граѓаните/граѓанките. Квалитетот на правдата е постојана и долгогодишна заложба на меѓународните тела и механизми предвидена со конвенциите, резолуциите и препораките донесени под нивно покровителство, а во насока на олеснување на пристапот до правда, подобрување и поедноставување на постапките, намалување на обемот на работа на судовите и рефокусирање на работата на судиите за чисто судски активности.

Повеќе

 Анализа на судските одлуки во областа на прекршочната постапка

  •  23 август 2021
  •  д-р Маријана Лончар Велкова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Анализата на квалитетот на судските одлуки од областа на прекршочната постапка изработена од страна на д-р Маријана Лончар Велкова, опфаќа 60 анонимизирани одлуки од четири апелациски подрачја донесени во периодот од 2017 до 2020 година, каде една од страните во постапката претставува физичко лице. Секоја од одлуките се анализираше одделно, само врз основа на квалитативни индикатори утврдени во посебно изработената Методологија за анализа на квалитетот и воедначеноста на судските одлуки, без квантифицирање на добиените резултати врз основа на квантитативните индикатори согласно Методологијата.

Повеќе

 Инфографик: Колку се употребува медијацијата во нашата држава?

  •  28 јануари 2021
  •  Институт за европска политика
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Инфографик за стапките на користење на медијацијата како алтернативен начин за решавање на спорови во Северна Македонија.

Повеќе

 Извештај за 2019 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година

  •  05 ноември 2020
  •  Александар Николов, Ива Цоневска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај се заснова на планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот. Во овој извештај се опфатени следните стратешки цели на Стратегијата: квалитет, ефикасност, транспарентност, стратешко планирање и креирање политики, правосудни институции, казнено-правна област, прекршочно-правна област и граѓанско-правна област. Притоа, индикаторите не ги опфаќаат следните стратешки цели на Стратегијата: независност и непристрасност, одговорност, пристап до правда (со исклучок на нотаријат, извршување и медијација), Судски совет, Совет на обвинители, управно-правна област.

Повеќе

 Извештај за 2019 година за резултатите од спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година

  •  05 ноември 2020
  •  Александар Николов, Ива Цоневска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај се заснова на планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата.

Повеќе

 Ветинг во судството: Од вонредна мерка до вонредни проблеми

  •  22 октомври 2020
  •  д-р Денис Прешова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во изминатите години во неколку наврати се говори за ветинг во судството преку негови различни манифестни форми, како генерален реизбор на судиите, нивна детална проверка или прочистување. Сепак, ниту еднаш не беше јасно и прецизно објаснето како точно се замислува овој процес и дали се земени предвид сите околности и искуства при предлагањето на вакво решение за проблемите во судството. Имено, избрзаното пристапување кон радикални и вонредни мерки лесно можат да доведат до исто такви проблеми во практиката. Токму како резултат на отсуството на информации во врска со предлозите за ветинг во судството овој документ се обидува да адресира дел од прашањата и дилемите. Една од основните цели е дебатата да се премести од исклучиво политичкиот во сферата на стручниот и научниот дискурс. Во таа насока, на страниците што следуваат ќе бидат разгледани основните аспекти во дефинирањето на поимот ветинг, претходните искуства на С. Македонија со различни форми на транзициска правда и дали посто

Повеќе