Документи: Борба против корупцијата - Институции и политика

Области

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

  •  26 мај 2020
  •  Ива Цоневска, Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македони

Повеќе

 Дијалог за јавните политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“

  •  19 декември 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Овој краток документ за јавна политика, се темели на ставовите изнесени на конференцијата од проектот ,,Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните’’, кој го спроведува Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори  и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор,преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството. Конференцијата се состоеше од две сесии во кои учествуваа околу 60 претставници од министерството за правда, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, судии, јавни обвинители, експерти во областа, претставници од граѓанскиот сектор и од дипломатските претставништва во Република Северна Македонија.

Повеќе

 Компаративен преглед за 2018 и 2019 на оценките на ЕК за Поглавјето 23

  •  15 јули 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Инфографик кој ги покажува разликите во оценките на Европската комисија за Поглавјето 23 за земјите од Западен Балкан.

Повеќе

 Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2018/2019

  •  28 јуни 2019
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес. Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите с

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

 Инфографик за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) во периодот на 2018/2019 година

  •  28 март 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Инфографик за спроведувањето на Стратегијата за реформи во правосудството (2017-2022) во периодот на 2018/2019 година

Повеќе

 Збирка резимеа од истражувања на грантистите од проектот Мрежа 23+

  •  29 јуни 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

• Кон граѓански паноптикон: подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите • Кој вработува, општината или партијата? • Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт • Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Република Македонија • Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II • Бесплатна правна помош – предизвици и решенија • Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија • Анализа на Законот за одредување на видот и висината на казната • Анализа на примената на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец декември 2017 годинa

  •  26 јануари 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај