Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на Законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во РМ
-
15 мај 2017
-
д-р Мишо ДОКМАНОВИЌ, д-р Александра ГРУЕВСКА-ДРАКУЛЕВСКИ, д-р Катерина ШАПКОВА-КОЦЕВСКА
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Документ на политика
Оваа студија е фокусирана на ефектите од примената на Законот за заштита на укажувачите и можностите за негова примена во спречувањето на корупцијата во високото образование. Преку спроведеното истражување базирано на примарни и секундарни податоци, беше извршена евалуација на спроведувањето на овој Закон на универзитетите и беа формулирани препораки за негова операционализација во функција на спречување на корупцијата во високото образование во Република Македонија.
Во документот е опфатена актуелната законска рамка за спречување на корупцијата во високото образование, особено Законот за заштита на укажувачите, како и компаративните искуства и најдобрите практики во оваа област. Покрај тоа, во студијата се обработени и примарни податоци кои беа обезбедени преку спроведена анкета со студентите и со вработени, како и преку организирање на тркалезни маси во четирите универзитетски центри во нашата земја.
Документот нуди неколку препораки за клучните носители на политики, првенствено С
Повеќе