Документи: Темелни права - Човекови права

Области

 Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2018/2019

  •  28 јуни 2019
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес. Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите с

Повеќе

 Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови на Република Северна Македонија

  •  01 јуни 2019
  •  Коалиција сите за правично судење
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022

  •  30 мај 2019
  •  Институт за европска политика / Асоцијација Зенит
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022. Период: март 2019-мај 2019

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

 Оценка на јавното мислење и нивото на перцепција за сексуалната ориентација и родовиот идентитет како основи за утврдување дискриминација

  •  01 април 2019
  •  Институт за човекови права
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој документ ги презентира резултатите од истражувањето на ставовите, перцепциите и постоењето на дискриминација кон лицата со различна сексуална и родова ориентација. Истражувањето е реализирано за потребите на проектот Заштита од дискриминација врз основа на сексуална ориентација и родов идентитет, кој го реализира Институтот за човекови права, а финансиски е поддржан од Германската амбасада во Скопје.

Повеќе

 Мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во РСМ

  •  01 март 2019
  •  Хелсиншки Комитет за човекови права
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Анализата насловена „Мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Република Северна Македонија“ има за цел да ги истражи ставовите на работниците во поглед на задоволството и ефикасноста од заштитните механизми за работничките права. При оценувањето на овие механизми, студијата доаѓа до заклучок дека синдикатите се најнепопуларен заштитен механизам, а најмалку непопуларни се невладините организации и апелационите судови. Целта на вака поставената студија е да им посочи на работниците и работодавачите на механизмите преку кои најбрзо можат да добијат исход на работните спорови пред институциите, без притоа да навлегува во содржината на таквите исходи. Студијата ги носи овие заклучоци преку три истражувачки алатки, а тоа се: истражување на јавното мислење, организирање на фокус групи и прибирање на информации од јавен карактер за работата на институциите.

Повеќе

 Збирка резимеа од истражувања на грантистите од проектот Мрежа 23+

  •  29 јуни 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

• Кон граѓански паноптикон: подобра рамнотежа меѓу заштитата на приватноста и потребата од следење на комуникациите • Кој вработува, општината или партијата? • Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт • Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во Република Македонија • Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II • Бесплатна правна помош – предизвици и решенија • Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија • Анализа на Законот за одредување на видот и висината на казната • Анализа на примената на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казната

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец декември 2017 годинa

  •  26 јануари 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај
Клучни документи
  • Заклучоци на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација-декември
  • Законодавство на ЕУ и документи за јавна политика за правата на детето
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
Види ги сите документи