Документи: Темелни права - Заштита на малцинствата и културни права

Области

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

  •  21 април 2022
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Влијанието на социјалните и на мас-медиумите во креирањето на јавното мислење последиците од него изразени преку градење стереотипи, дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците

  •  15 декември 2021
  •  Весна Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Медиумите во земјава често информираат за состојби на врсничко насилство, агресивност и стигматизација меѓу средношколците, но недостигаат емпириски истражувања за каузалната поврзаност, изолација и онлајн наставата, ваквите настани не изостанаа во офлајн светот, што индицира дека улогата на медиумите, во целиот процес, претставува фактор на кој системски треба да му се пристапи.

Повеќе

 Извештај од следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година – за 2020 година

  •  28 септември 2021
  •  м-р Ива Цоневска Вангелова, Златка Стамболиска - Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од следењето на Стратегијата го следи планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот.

Повеќе

 Предизвиците за Ромите за време на кризата предизвикана од КОВИД-19

  •  22 мај 2020
  •  Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во овој краток осврт даваме преглед на досегашните последици од КОВИД 19 врз ромската популација со осврт во однос на право на образование, право на здравје, право на работа, слобода на движење, основни услови за остварување на правата и слободите и активности на донатори и невладини организации за време на вонредната состојба. На крајот се споделени препораки категоризирани во секоја област наведена во документот.

Повеќе

 Уставен суд на Република Северна Македонија, искуства и перспективи

  •  13 септември 2021
  •  Маргарита Цаца Николовкса, Игор Спировски, Мартин Сопронов
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Уставните судови се посебни уставни органи кои како своја надлежност ја имаат контролата над уставноста, а некаде и на законитоста. Како резултат на оваа нивна значајна улога во политичките системи на државите тие претставуваат клучен елемент на конституционализам кој претставува противтежа (ограничување) на парламентарната супрематија и извршната власт во процесот на остварувањето на државната власт и за воспоставување систем на “уставна демократија“ заснован на супрематија на Уставот. Во оваа смисла, една од основните функции на уставните судови е да го обезбедат важењето на темелниот принцип на поделбата на власта на законодавна, извршна и судска во едно демократско општество, односно да ги контролираат и да ги држат носителите на овие власти во границите на нивните уставни прерогативи, заради остварување и развој на демократското општество засновано на владеење на правото и човековите права.

Повеќе

 Дискриминацијата во Република Северна Македонија: правна регулатива, предизвици и перцепција за дискриминаторските основи

  •  14 декември 2020
  •  Маргарита Цаца Николовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Дискриминацијата како појава има негативен ефект во општеството и доведува до создавање предрасуди и негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, каде на различноста повеќе се гледа како на проблем, отколку како на придобивка. Севкупната цел во борбата против дискриминацијата е да се овозможи рамноправен и фер пристап до можностите што ги нуди едно општество. Оваа анализа има за цел да ја прикаже состојбата со дискриминацијата во Република Северна Македонија преку ретроспектива на нејзината уставна и законска уреденост до проблемите околу укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и донесувањето на новиот закон во октомври 2020 година. Периодот во кој не постоеше законска регулираност на дискриминацијата, во смисла на закон lex specialis, беше добар повод да се даде можност за директна примена на Европската конвенција за човекови права и воспоставените стандарди на Европскиот суд за човекови права во утврдување на дискриминација, согласно со член 1

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

  •  26 мај 2020
  •  Ива Цоневска, Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македони

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе
Клучни документи
  • Заклучоци на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација-декември
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
Види ги сите документи