Документи: Со таг Извештај

Области

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот јуни 2018 – март 2019 година

  •  14 мај 2019
  •  м-р Ива Цоневска, м-р Исмаил Камбери, м-р Александар Јованоски, Хајди Штерјова-Симоновиќ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка е направен во рамките на проектот „Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23)“ што го имплементираат Институтот за европска политика – Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права, што е финансирaн од Балканскиот фонд за демократија и Амбасадата на кралството Норвешка во Белград. Овој извештај ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на јуни 2018 година, заклучно со крајот на март 2019 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред јуни 2018 година. Периодот на опсег на извештајот е продолжен за да соодветствува на новиот извештај на Европската комисија за Република Северна Македонија, што ќе биде објавен кон крајот на мај 2019 година. Овој извештај ја следи структурата на Поглавјето 23, согласно извештајот на Европската комисија.

Повеќе

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец ноември 2017 годинa

  •  07 декември 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 „Реформи во судството: Од Прибе 1 до Прибе 2 и потоа

  •  23 ноември 2017
  •  Институт за човекови права, Институт за европска политика - Скопје, Македонско здружение на млади правници
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Прв мониторинг извештај за итни реформи во судството

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец август 2017 годинa

  •  15 септември 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Анализа на примената на Законот за одредување на видот и висината на казната

  •  03 јули 2017
  •  Совет за превенција против малолетничка деликвенција
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

 Преглед на исполнување на Итните реформски приоритети - мај 2017

  •  09 јуни 2017
  •  Институт за европска политика
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Преглед на исполнување на Итните реформски приоритети - мај 2017 година.

Повеќе

 Мониторинг бриф за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец април 2017 годинa

  •  10 мај 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Координативни механизми за развој, имплементација, мониторинг и евалуација на реформите во правосудниот сектор

  •  04 декември 2015
  •  Mеѓународен
  •  Невладин сектор
  •  Анализа