Документи: Правосудство - Независност

Области

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јули-септември 2022

  •  25 октомври 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Независноста на судството како предуслов за доверба во правдата

  •  23 септември 2022
  •  Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Независноста, квалитетот и ефикасноста се суштински параметри на ефективниот правосуден систем. Добро функционалните и целосно независните правосудни системи се клучни за да се осигури дека правдата работи во корист на граѓаните и бизнисите. Ефективните судски системи се суштински за заемна доверба и за подобрување на инвестициската клима и обезбедување на одржливоста на долгорочниот економски раст, нешто на што постојано забораваме. Па, токму поради нивното влијание врз економијата и инвестициите ефикасноста, квалитетот и независноста на правосудните системи се еден и од приоритетите на Европскиот семестар – годишниот циклус на координација на економската политика на ЕУ.

Повеќе

 Извештај од следењето на работата на судскиот совет, јануари-јуни 2022

  •  22 септември 2022
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија се однесува на периодот од јануари до јуни 2022 година. 

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2022

  •  21 јули 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Краток документ: Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2022

  •  21 јули 2022
  •  Angela Delevska Angel Mojsovski Beba Zhagar
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

This brief summarises the key developments in relation to rule of law in view of EU accession in North Macedonia for the period April – June 2022. It includes the monitoring of the fundamentals of EU accession, including key developments in the functioning of democratic institutions, public administration reform and chapter 23: judiciary and fundamental rights.

Повеќе

 Спроведувањето на стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2018 – 2022) во 2021 година извештај во сенка

  •  21 април 2022
  •  Елена Георгиевска, Натали Петровска, Ива Цоневска, Вангелова Тона, Карева Јелена, Кадриќ Маргарита, Цаца Николовска, Жарко Хаџи-Зафиров
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017 – 2022) во 2021 година влезе во четвртата, претпоследна година од планираниот период за нејзино спроведување. Голем дел од планираните мерки и активности, особено оние што предвидуваа измена на постојни или донесување нови закони (т.н. регулаторни мерки) се или веќе спроведени целосно или во последните фази од нивното донесување. Останува одреден дел, особено законите чија измена бараат повнимателен пристап (на пр. Кривичниот законик, Законот за кривичната постапка) да бидат изработени и донесени во текот на 2022 година. 

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

  •  21 април 2022
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе

 Иднината на слободата на собирање во Северна Македонија во дигиталната ера

  •  19 ноември 2021
  •  Душица Нофитоска, Весна Дишлијоска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Правото на здружување и јавен собир само по себе не значи само здружување на граѓаните со физичко присуство преку кое тие би изразиле незадоволство од одредена владина одлука која ги засега нивните права и интереси. Во последните неколку години се забележува тренд на зголеменo користење на интернет алатки преку кои граѓаните на една земја можат да дејствуваат во онлајн просторот на ист начин како што би постапиле со физичко присуство. Во Северна Македонија, трендот на користење онлајн алатки го доживува својот врв со прогласувањето на пандемија на Ковид 19. Целта на оваа анализа е да се сублимира Меѓународната правна рамка за слободата на мирно собирање во дигиталната ера и да се презентираат обврските на државата. Исто така, да се истражат можностите и предизвиците на собирите во дигиталната ера и влијанието на новите технологии во остварувањето на правото на слободен собир. А истовремено да се направи споредба и истражување за концептот на дигитално посредувани собири во Се

Повеќе

Независноста на правосудството се третира како надворешна и внатрешна. Надворешната независност ја воспоставува врската меѓу неза.висноста на судиите и принципот на еднаквост на граѓаните пред законот. Клучни нејзини аспекти се уставната поделба на власта и односот со медиумите. Внатрешната независност подразбира независност на секој судија во вршењето на судиската функција, без какво и да е ограничување, несоодветно влијание, притисоци, закани или мешање од каква и да е власт, вклучувајќи и внатре во судството, во донесувањето одлуки

Прикажи ја содржината
Клучни документи
  • Заклучоци на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација-декември
  • Национална програма за усвојување на правото на Европската Унија
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
Види ги сите документи