Документи: Темелни права - Човекови права

Области

 Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот април 2019 – март 2020 година

  •  26 мај 2020
  •  Ива Цоневска, Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е петти ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), земајќи ги предвид коментарите и мислењата на членките на „Мрежа 23“. Претходните четири извештаи ги покриваа следните периоди: октомври 2014 година – јули 2015 година, јули 2015 година – април 2016 година, мај 2016 година – јануари 2018 година и јуни 2018 година – март 2019 година. Извештајот го опфаќа периодот од почетокот на април 2019 година, заклучно со крајот на март 2020 година. Во извештајот се прикажани податоци што се релевантни и пред април 2019 година, доколку тие биле потребни за контекстуализација или за појаснување на новините од тековниот извештаен период. Периодот на опфат на извештајот соодветствува на извештајниот период на Европската комисија (ЕК) за Република Северна Македони

Повеќе

 Предизвиците за Ромите за време на кризата предизвикана од КОВИД-19

  •  22 мај 2020
  •  Исмаил Камбери
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во овој краток осврт даваме преглед на досегашните последици од КОВИД 19 врз ромската популација со осврт во однос на право на образование, право на здравје, право на работа, слобода на движење, основни услови за остварување на правата и слободите и активности на донатори и невладини организации за време на вонредната состојба. На крајот се споделени препораки категоризирани во секоја област наведена во документот.

Повеќе

 Дијалог за јавните политики „Имплементација на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017–2022 година“

  •  19 декември 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Овој краток документ за јавна политика, се темели на ставовите изнесени на дијалогот за јавни политики, кој се одржа на 11 декември 2019 година во Хотел Арка во Скопје, во рамки на проектот ,,Партнерство Јустиција: Враќање на довербата на граѓаните’’, кој го спроведува Институтот за европска политика и Асоцијацијата ЗЕНИТ, а е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори и кофинансиран од Владата на Република Северна Македонија. Проектот има за цел да придонесе за враќање на довербата на граѓаните во македонскиот правосуден сектор, преку значително вклучување на граѓанското општество во суштински реформи. Крајни корисници на овој проект се институциите во областа на правосудството. Дијалогот се состоеше од две сесии во кои учествуваа околу 60 претставници од министерството за правда, Судскиот совет, Советот на јавни обвинители, судии, јавни обвинители, експерти во областа, претставници од граѓанскиот сектор и од дипломатските претставн

Повеќе

 Компаративен преглед за 2018 и 2019 на оценките на ЕК за Поглавјето 23

  •  15 јули 2019
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Инфографик кој ги покажува разликите во оценките на Европската комисија за Поглавјето 23 за земјите од Западен Балкан.

Повеќе

 Мој труд - мои права. Прирачник за работници и работнички

  •  08 јули 2019
  •  Хелсиншки Комитет за човекови права
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Друго

 Извештај за имплементација на Законот за спречување и заштита од дискриминација 2011-2018

  •  01 јули 2019
  •  Коалиција Маргини, Мрежа за заштита од дискриминација
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Целта на извештајот е да се оцени функционалноста на постојните правни и институционални механизми за заштита од дискриминација, со фокус на имплементацијата на постојниот Закон за спречување и заштита од дискриминација (lex specialis) и функционалноста на Комисијата за заштита од дискриминација. Анализата е дел од заедничката акција на Мрежата за заштита од дискриминација за следење на процесот на усогласување на националното законодавство во европското во делот на антидискриминацијата.

Повеќе

 Анализа на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022) за периодот 2018/2019

  •  28 јуни 2019
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Граѓанските организации што со години работат на воспоставување на принципот на владеење на правото, почитување на човековите права и воспоставување на независен, непристрасен и, пред сè, неполитизиран правосуден систем, свесни за моментумот и за неопходноста овие реформи да бидат квалитетни и успешни, се вклучија со својата експертиза на ова поле во целиот процес. Со оглед на важноста за спроведување на реформските мерки и активности предвидени во Стратегијата за реформи во правосудниот сектор 2017-2022 и Акцискиот план, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Македонија, организациите од Блупринт групата во јули 2018 година почнаа со заедничка акција за следење на судските реформи и застапување за нивно спроведување – „ЗА ПРАВДА“. Блупринт групата за реформи во правосудството се фокусира на следењето на спроведувањето на Стратегијата во однос на почитувањето на временската рамка утврдена со Акцискиот план, транспарентноста на процесот, нивото на вклученост на засегнатите с

Повеќе

 Правен, финансиски и физички пристап до правда во основните судови на Република Северна Македонија

  •  01 јуни 2019
  •  Коалиција сите за правично судење
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022

  •  30 мај 2019
  •  Институт за европска политика / Асоцијација Зенит
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Трет квартален мониторинг бриф од следењето на спроведувањето на стратегијата за реформси во правосудството 2017 – 2022. Период: март 2019-мај 2019

Повеќе
Клучни документи
  • Заклучоци на Советот за процесот на проширување и стабилизација и асоцијација-декември
  • Законодавство на ЕУ и документи за јавна политика за правата на детето
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
Види ги сите документи