Мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во РСМ
-
01 март 2019
-
Хелсиншки Комитет за човекови права
-
Национален
-
Невладин сектор
-
Анализа
Анализата насловена „Мерење на степенот на задоволство од механизмите за заштита на работничките права во Република Северна Македонија“ има за цел да ги истражи ставовите на работниците во поглед на задоволството и ефикасноста од заштитните механизми за
работничките права. При оценувањето на овие механизми, студијата доаѓа до заклучок дека синдикатите се најнепопуларен заштитен механизам, а најмалку непопуларни се невладините организации и апелационите судови. Целта на вака поставената студија е да им посочи на работниците и работодавачите на механизмите преку кои најбрзо можат да добијат исход на работните спорови пред институциите, без притоа да навлегува во содржината на таквите исходи. Студијата ги носи овие заклучоци преку три истражувачки алатки, а тоа се: истражување
на јавното мислење, организирање на фокус групи и прибирање на информации од јавен карактер за работата на институциите.
Повеќе