Документи: Темелни права - Процедурални заштитни мерки - Слобода и безбедност

Области

 Презентација 10 П23 Права на жртви на криминал

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 3 П23 Повелба за фундаменталните права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Повелбата за фундаменталните права беше формално прогласена во Ница во декември 2000 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата и на 1 декември 2009 година, со влегувањето во сила на Лисабонскиот договор, на повелбата ѝ беше дадено обврзувачко правно дејство еднакво на договорите. Повелбата ги вградува сите права содржани во судската практика на Судот на правдата на ЕУ; правата и слободите содржани во Европската конвенција за човекови права; како и други права и принципи кои произлегуваат од заедничките, уставни традиции на земјите на ЕУ и други меѓународни инструменти. Создава правна сигурност во ЕУ, правејќи ги фундаменталните права појасни и повидливи.

Повеќе

 Презентација 9 П23 Процедурални права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јули-септември 2022

  •  25 октомври 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2022

  •  21 јули 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

  •  21 април 2022
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе

 Значењето на пристапот заснован на човекови права за одговорот на здраствената криза предизвикана од КОВИД-19 во Република Северна Македонија

  •  29 март 2022
  •  Мартина Смилевска Кчева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвика здравствена, економска и социјална криза во Република Северна Македонија. Како одговор на истата, владата презеде низа рестриктивни мерки за спречување на изложеноста на луѓето на вирусот и забавување на неговото ширење, како и сет мерки за ублажување на негативните ефекти од наметнатите рестрикции. Донесените мерки во значителна мера влијаеа на ограничувањето на правата на граѓаните, вклучувајќи воведување полициски час, одржување социјална дистанца, ограничено движење и собирање, затворени граници и стопирање на воздушниот сообраќај, онлајн образование, забрана за одржување верски настани и спортски натпревари, одложување на процедурални рокови во судски постапки, затворање на несуштински бизниси и сл. Додека таквите ограничувања на слободите и правата, во еден дел, можеби беа неопходни за контрола на пандемијата, сепак многу од овие политики беа премногу широки или се занемари да се земе предвид нивното влијание врз најранливит

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Влијанието на социјалните и на мас-медиумите во креирањето на јавното мислење последиците од него изразени преку градење стереотипи, дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците

  •  15 декември 2021
  •  Весна Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Медиумите во земјава често информираат за состојби на врсничко насилство, агресивност и стигматизација меѓу средношколците, но недостигаат емпириски истражувања за каузалната поврзаност, изолација и онлајн наставата, ваквите настани не изостанаа во офлајн светот, што индицира дека улогата на медиумите, во целиот процес, претставува фактор на кој системски треба да му се пристапи.

Повеќе

 Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
  • Договор за Европската Унија
Види ги сите документи