Анализа на кривично-правната заштита за кривичните дела против слободите и правата на човекот

Области

 Анализа на кривично-правната заштита за кривичните дела против слободите и правата на човекот

  •  13 јануари 2017
  •  Хелсиншки комитет
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Целта на оваа анализа е да даде информација за тоа колку граѓаните ја користат можноста да пријават кривични дела против нивните права и слободи, вклучително и избирачките права, колку јавното обвинителство гони за овие кривични дела по службена должност и како постапувале судовите во постапките поведени за овие кривични дела во последните пет години. Потребата од изработка на ваква анализа произлегува од предизвиците со кои се соочува Република Македонија на полето на заштита на човековите права, а особено во врска со случувањата поврзани со разоткривање на изборни измами што се случувале во повеќе изборни процеси. Информациите во врска со изборните процеси што произлегоа од незаконско прислушкуваните аудиоматеријали и нерегуларностите од избирачкиот список, укажуваат на голем број извршени кривични дека против изборите и гласањето од страна на највисоките функционери од власта.

Повеќе