2019:Достапни се следниве видови таргетирани информации: а) онлајн-формулари за јавноста и компаниите – на sud.mk се објавени формулари- барања и уплатници за различни документи што ги издава судот (уверенија, потврди и сл.); б) информации наменети за лица со оштетен вид или слух – порталот sud.mk не е приспособен за овие лица, а сепак дава информации за одговорни овластени лица за спроведување
на лицата со инвалидност и овозможување на корисен пристап до информации во судот; в) информации наменети за лица кои не го зборуваат службениот јазик – порталот sud.mk е достапен и во рудиментарна англиска верзија. Не се достапни следниве видови таргетирани информации: а) образование за правата на граѓаните во правосудниот систем преку интерактивни алатки; б) компјутерски терминали во судовите со интернет-пристап достапни за граѓаните; в) интерактивна онлајн-симулација за да се процени квалификуваноста за правна помош
– не е достапно; на веб-сајтот на Министерството за правда има објавено
информација за тоа кои услови треба да ги исполни барателот на
бесплатна правна помош, но со застарени параметри; г) информации наменети за деца – на сајтовите на некои судови единствено можат да
се најдат контакт-податоци за адвокати кои се специјализирани за Законот за правда за децата.
Во однос на достапноста на онлајн-информации за датум, време и број на сала за рочиште по конкретен предмет, околу 46% од испитаните граѓани се задоволни од дадената информација од страна на судот, а околу 28% се незадоволни и 18% не се ниту задоволни ниту незадоволни.
2020: