65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да се вклучат во реформите во судството

Категории

65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да се вклучат во реформите во судството

65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да се вклучат во реформите во судството

Институтот за европска политика - Скопје, заедно со Хелсиншкиот комитет во Македонија, денес во ЕУ Инфо центарот ги презентираа наодите од истражувањето на јавното мислење во однос на правосудството, борбата против корупцијата и темелните права.

Наодите од истражувањето покажуваат дека 50% од испитаниците сметаат дека судството во Република Македонија не ги исполнува стандардите за интеграција во Европската Унија. Во однос на работата на судството, 47% ја оценуваат како лоша

Како најголема пречка за спроведување на реформите, 31% од граѓаните го истакнуваат митото и корупцијата во судството.

Според истражувањето, дури 65% од испитаниците сметаат дека граѓанските организации треба да учествуваат во реформите во судството.

Истражувањето на јавното мислење е спроведено како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската унија.

Целосното истражување можете да го најдете на линкот подолу.

Документи за превземање

 Истражување на јавното мислење - Поглавје 23 - целосно [Мрежа23] Истражување на јавното мислење - Поглавје 23 - инфографик [Мрежа23]

Галерија