Европската комисија го објави својот шести по ред Извештај за владеење на правото, а втор за неколку земји кандидатки – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Минатогодишната најава за внесување на други земји кандидатки во овој инструмент не се исполни, ниту пак беа воведени препораки за земјите кандидатки.