Анализа на имплементацијата на меѓународните стандарди за фер и правично судење во Македонија

Категории

Анализа на имплементацијата на меѓународните стандарди за фер и правично судење во Македонија

Коалицијата за фер и правично судење ја презентираше својата анализа на Имплементацијата на меѓународните стандарди за фер и правично судење, како дел од проектот Мрежа 23+.

Предмет на анализата е работата на Основен суд Скопје 1 и Основен суд Скопје 2, при што се анализирани 60 кривични и 20 граѓански предмети. Овие предмети се анализирани од аспект на стандардите за независно и непристрасно судење, конкретно:
  • право на независен и непристрасен суд;
  • навременост - судење во разумен рок;
  • јавност;
  • претпоставка на невиност;
  • еднаквост на оружјата;
  • почитување на минималните права на одбраната;
  • право на жалба.
Во анализата се вклучени меѓународните и домашните стандарди, како и праксата на Европскиот суд за човекови права.

Документот се наоѓа во прилог.

Документи за превземање

 Анализа: Имплементација на меѓународните стандарди за фер и правично судење

Галерија