Транспарентност и отвореност: Осовременување на судскиот систем во РМ [документ за јавна политика]

Категории

Транспарентност и отвореност: Осовременување на судскиот систем во РМ [документ за јавна политика]

Мрежа 23 издаде документ за јавна политика од областа на транспарентноста и отвореноста на судскиот систем.

Во документот се содржат препораки за унапредување на транспарентноста на судството со конкретни законски предлози, а се опфатени и клучните заклучоци од дијалогот за политики од Мрежа 23+, кој се одржа во април 2017 година. Дел од наодите се потврдени во вториот извештај на експертската група на Прибе

Клучен чекор во унапредување на транспарентноста на судството е стратешкиот пристап за односи со јавноста во судството, во чија подготовка ќе учествуваат сите релевантни чинители (Судски совет, судови, Министерство за правда, Здружение на судии, адвокати, новинари и др.). Со овој пристап треба да се утврдат правила за комуникацијата со граѓаните, невладините организации и медиумите, со цел зголемување на довербата на јавноста кон судството.

Исто така, се препорачуваат мерки за зголемување на јавноста на судските расправи, редовно објавување на судските одлуки, и зголемување употребливоста на судските веб страници.

Целиот документ можете да го најдете на линкот подолу.

Автор на документот е Д-р Љубица Караманди Попчевска. Документот е издаден како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската Унија.

Документи за превземање

 Транспарентност и отвореност: Осовременување на судскиот систем во Република Македонија