Само 2 суда во Македонија имаат тоалети за лица со попреченост

Категории

Само 2 суда во Македонија имаат тоалети за лица со попреченост

Здружението Отворете ги прозорците го објави истражувањето за досегашните искуства и иницијативи во обезбедување пристапност и инклузивност на судовите во Македонија. 

Во рамки на истражувањето спроведена анкетна, преку доставување прашалник до институциите. Во улога на истражувачи беа вклучени лица со попреченост во насока на паролата НИШТО ЗА НАС, БЕЗ НАС, кои теренски ги посетија судовите и спроведоа интервјуа со контакт лицата предложени од овие институции. Анкетниот прашалник го пополнија и доставија 32 (94%) од вкупно 34 судови, кои постојат на територијата на Македонија.


Надворешна пристапност
Во однос на надворешната пристапност на судот, дури 28% од судовите одговориле дека немаат пристапни рампи, или пак не одговараат за потребите на лицата со попреченост.


Слика 1: Пристапност на влезот од судовите


Внатрешна пристапност
Внатрешната адаптација на судовите за потребите на лицата со попреченост е на незадоволително ниво. Само 2 суда во државата имаат адаптирано тоалет за лицата со попреченост, а ниту еден нема тактилна патека, или пак ознаки на Браева азбука. Погледнете ја табелата во прилог.


Слика 2: Табела за имплементација на адаптации за лица со попречености

За да се овозможи полесна комуникација и поддршка на лицата со попреченост, 81% од судовите имаат назначено контакт лице за прашања и услуги поврзани со лицата со попреченост. 

Според добиените податоци и во согласност за Законот за спречување и заштита од дискриминација, кој во член 8, точка 2 вели дека „Дискриминација на лица со ментална и телесна попреченост постои и тогаш кога нема да се преземат мерки за отстранување на ограничувањата, односно прилагодување на инфраструктурата и просторот, користење на јавно достапни ресурси, или учество во јавниот и општествениот живот.“ доаѓаме до заклучок дека лицата со попреченост се соочуваат со дискриминација, поради необезбедени соодветни услови и пристапност, во патот на остварување на пристапот до правда.

При спроведување на истражувањето, Отворете ги прозорците, воспостави соработка со судовите и процесот се одвиваше без потешкотии. Целото истражување се наоѓа подолу.

Истражувањето на здружението Отворете ги прозорците е изработено како дел од проектот „Мрежа 23+“, кој е финансиран од Европската Унија.
 

Документи за превземање

 Истражување: Пристапноста и инклузивноста на судовите во Македонија

Галерија