Работилница за вклучување на ГО во преговорите со ЕУ

Категории

Работилница за вклучување на ГО во преговорите со ЕУ

Од 16 до 18 декември 2018 година, во хотелот Радика во Маврово се одржа работилница за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори со ЕУ. Работилницата беше фокусирана на Поглајвето 23 и на неа учествуваа членките на Мрежа 23.
 
На првиот ден од работилницата (16.12.2018) се презентираше институционалната рамка за водење преговори на Република Македонија од страна на Драган Тилев, државен советник во Секретаријатот за европски прашања, Бети Јачева, директорка на Директоратот за ЕУ во Министерството за надворешни работи и Бојана Босилкова од Секторот за ЕУ во Министерството за правда.

На вториот ден од работилницата (17.12.2018) се разговараше за предлог-моделот за вклучување на граѓанските организации во пристапните преговори за членство во Европската Унија, каде Александар Јованоски и Зоран Нечев го презентираа и коментираа Предлог-моделот за вклучување на ГО во преговорите, изготвен од страна на Советот за соработка и развој на граѓанскиот сектор при Владата на Република Македонија. На работилницата беа презентирани искуствата од регионот со преговорите во Поглавјето 23, односно со искуствата на Србија и Црна Гора, презентирани од страна на Јована Маровиќ, Политикон мрежа од Црна Гора и Срџан Мајсторовиќ од Центарот за европски политики од Србија. Последната сесија од вториот ден на работилницата беше посветена на опциите, предлозите и подобрувањата на моделот на вклучување на граѓанските организации во преговорите за Поглавјето 23, а сесијата ја водеше Малинка Ристевска – Јорданова од ЕПИ.

Последниот ден од работилницата (18.12.2018) беше посветен за досегашните искуства и досегашната соработка на институциите со граѓанските организации во Поглавјето 23. Од една страна беше презентиран прегледот од страна на институциите, од страна на Христина Конеска-Бероска од Секретаријатот за европски прашања и Владимир Делов од Министерство за правда беше презентиран прегледот страна на институциите. Од страна на граѓанските организации, беше презентиран Деловникот на работната група 23, од Александар Николов од Асоцијација Зенит, а Билјана Спасовска ги пренесе наодите од истражувањето на Balkan Civil Society Development Network за ИПА 3.

Целта на работилницита беше да ги запознае членките на Мрежа 23 за процесот на пристапните преговори во ЕУ. Работлиницата исто така имаше за цел да ги подигне капацитетите на граѓанските огранизации за вклучување во процесот на преговори, како и во дискусијата за избор на соодветен модел на консултации/вклученост на граѓанските организации во преговорите.

Работилницата се организираше во рамки на проектот Мрежа 23 – Вмрежување за влијание (NETWIT 23), финансиран од Амбасадата на Кралството Норвешка во Белград (www.norway.no/en/serbia/) и Балканскиот фонд за демократија. Проектот го спроведуваат Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија.
 

Галерија