Документи: Темелни права - Човекови права - Право на образование

Области

 Помеѓу пасивност и активност - реформите во Поглавје 23

  •  16 април 2018
  •  Институт за европска политика и Хелсиншки комитет за човекови права на РМ
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира главните наоди и препораки од Извештајот во сенка за Глава 23 за периодот од мај 2016 год до јануари 2018 год. Подготвен е од Институтот за европска политика-Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права. Прегледот вклучува три различни периоди: - период пред предвремените парламентарни избори на 11 декември 2016 година, - транзицискиот период по изборите и пред формирањето на новата Влада на 31 мај 2017 година и - период од изборот на новата Влада до крајот на јануари 2018 година. Извештајот ги презентира клучните случувања во анализираниот период и дава препораки за политиките во секоја од областите од Поглавје 23. За детална анализа на сите области, ве молиме погледнете го Извештајот во сенка.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Извештај: Предизвиците на Ромите повратници во Македонија

  •  16 јануари 2018
  •  Институт за европска политика и НВО КХАМ Делчево
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од истражувањето за реинтеграцијата на Ромите - повратници во Македонија е изработен во рамките на проектот „Поттикнување одржлива реинтеграција на Ромите - повратници во Македонија“, спроведуван од Институтот за европска политика – Скопје (ЕПИ), во соработка со невладината организација „Кхам“. Главната цел на проектот е да се предлагаат и да се застапуваат политики за обезбедување реинтеграција на Ромите - повратници во Македонија

Повеќе

 Прирачник за реинтеграција на Роми-повратници

  •  15 ноември 2017
  •  Институт за европска политика и НВО КХАМ Делчево
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Информација

Овој прирачник е наменет за Роми-повратници од западноевропските или други земји, во кои престојувале како баратели на азил или економски мигранти, во Република Македонија. Тој нуди едноставни насоки и основни информации на повратниците за можностите и поддршката што можат да ја добијат од јавните институции, граѓански организации и други чинители за полесно да се вклучат во животот на заедницата. Акцентот е ставен на следните области: лични документи, социјална заштита, здравствена заштита, образование, вработување и домување.

Повеќе

 Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец јули 2017 годинa

  •  14 август 2017
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

 Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на законот за заштита на укажувачите и спречување на корупцијата во РМ - документ за јавна политика

  •  26 мај 2017
  •  Институт за стратешки истражувања и едукација
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Студија се фокусира на ефектите од примената на Законот за заштита на укажувачите и можностите за негова примена во спречувањето на корупцијата во високото образование. Според спроведеното истражување, дури 54% од испитаниците сметаат дека корупцијата е широко распространета во високото образование. Од истражувањето, 70% од испитаниците не знаат дека постои закон за Заштита на укажувачите, а 83% не знаат дека институцијата каде студираат има овластено лице за прием на пријави од укажувачи.

Повеќе

 Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? - краток документ за јавна политика

  •  26 мај 2017
  •  Институт за стратешки истражувања и едукација
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

 Што нудите за мене? - Избори 2016

  •  05 декември 2016
  •  Отворете ги прозорците
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Анализа на изборните програми на партиите за парламентарните избори во декември 2016, од аспект на лицата со попреченост.

Повеќе

 Предлог за Итни демократски реформи

  •  08 јули 2016
  •  Група граѓански организации и експерти
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Друго

 Процесот на инклузија во предучилишните установи во општина Карпош

  •  23 јуни 2016
  •  Отворете ги прозорците
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај од истражување.

Повеќе
Клучни документи
  • Извештаи на Европската Комисија за напредокот на Република Македонија
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Договор за Европската Унија
Види ги сите документи