Дискусија за јавни политики за прекугранична судска соработка од Стратегијата за ЈИЕ2020

Дискусија за јавни политики за прекугранична судска соработка од Стратегијата за ЈИЕ2020

Институтот за европска политика - Скопје на 28.11.2016 во хотелот „Холидеј Ин“ одржа дискусија за јавни политики во областа на судската соработка за слободен пристап до информации, прекугранично извршување и прекугранични постапки за стечај, преземање и спојување. Дискусијата се одржа како дел од систематското следење на реформите во областа на правдата, од Стратегијата за Југоисточна Европа 2020.

Учество на настанот земаа повеќе експерти од Македонија, но и регионот. Целосната листа на дискутанти:

● Миодраг Ѓорѓевиќ, регионален експерт
● Верица Хаџи-Василева Марковска, нацонален експерт
● Дарко Спасевски, доцент од научната област трговско право, Правен факултет „Јустинијан Први“
● Љубица Караманди, виш експерт
● Дејан Костовски, национален експерт
● Drilon Iseni, оперативен менаџер на Стопанска комора на Северозападна Македонија
● Верка Цветановска, раководител на сектор за меѓународна правна помош, Министерство за правда
● Снежана Андреевска, Комора на извршители на Република Македонија

 

Проектот „Следење на владеењето за раст во областа на правдата (JuDGMeNT)“ е финансиран од Регионалниот совет за соработка, во рамките на спроведувањето на Стратегијата за ЈИЕ2020.

Галерија