Правосудство

Области

Правосудство

Независноста на правосудството се третира како надворешна и внатрешна. Надворешната независност ја воспоставува врската меѓу независноста на судиите и принципот на еднаквост на граѓаните пред законот. Клучни нејзини аспекти се уставната поделба на власта и односот со медиумите. Внатрешната независност подразбира независност на секој судија во вршењето на судиската функција, без какво и да е ограничување, несоодветно влијание, притисоци, закани или мешање од каква и да е власт, вклучувајќи и внатре во судството, во донесувањето одлуки.
Непристрасноста и одговорноста подразбира професионално постапување по доделените предмети и обезбедување интегритет на професијата. Треба да се спречи конфликт на интереси. Важен е системот на доделување на предметите на судиите. Се очекува воспоставување и почитување на кодексите на етика на судиите и на јавните обвинители. За дисциплинската одговорност на судиите, воспоставени се стандарди на Советот на Европа.
Во подрачјата: професионалност, компетентност и ефикасност, клучен е конзистентниот систем на обука на судиите и на јавните обвинители. За ефикасноста клучни индикатори се просечното траење на предметите, заостанувањето на предметите, како и бројот на предмети што се водат подолго време. Значајно е и воведувањето нови ИК-технологии, правосудна статистика и електронски пристап кон судската практика.
 

Анализа на независноста на судски совет на Република Македонија
- стремеж и предизвици -

* кликнете на круговите за повеќе детали

Од Мрежа 23
  • Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец ноември 2017 годинa
  • Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец октомври 2017 годинa
  • Месечен преглед за Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права за месец септември 2017 годинa
Види ги сите документи