Документи: Темелни права - Човекови права - Почитување на приватен и семеен живот и комуникации

Области

 Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ за 2022 година

  •  30 декември 2022
  •  Корина Стратулат; Иван Новосел; Беба Жагар; Ива Цоневска Вангелова; Тина Џаковиќ; Билјана Котевска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Принципот на владеење на правото е еден од суштинските вредности што ги сочинуваат темелите на Европската Унија. Тој подразбира дека јавните институции дејствуваат во границите утврдени со законот, во согласност со вредностите на демократијата и на темелните права. Земјите-кандидатки мораат да го почитуваат овој принцип и соодветно да го приспособат функционирањето на нивните институции. Меѓутоа, и земјите-членки на ЕУ не се изземени од оваа обврска или од последиците што произлегуваат од нејзиното непочитување.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022

  •  29 декември 2022
  •  Ангела Делевска, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е седми ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации.

Повеќе

 Презентација 3 П23 Повелба за фундаменталните права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Повелбата за фундаменталните права беше формално прогласена во Ница во декември 2000 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата и на 1 декември 2009 година, со влегувањето во сила на Лисабонскиот договор, на повелбата ѝ беше дадено обврзувачко правно дејство еднакво на договорите. Повелбата ги вградува сите права содржани во судската практика на Судот на правдата на ЕУ; правата и слободите содржани во Европската конвенција за човекови права; како и други права и принципи кои произлегуваат од заедничките, уставни традиции на земјите на ЕУ и други меѓународни инструменти. Создава правна сигурност во ЕУ, правејќи ги фундаменталните права појасни и повидливи.

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 Влијанието на социјалните и на мас-медиумите во креирањето на јавното мислење последиците од него изразени преку градење стереотипи, дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците

  •  15 декември 2021
  •  Весна Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Медиумите во земјава често информираат за состојби на врсничко насилство, агресивност и стигматизација меѓу средношколците, но недостигаат емпириски истражувања за каузалната поврзаност, изолација и онлајн наставата, ваквите настани не изостанаа во офлајн светот, што индицира дека улогата на медиумите, во целиот процес, претставува фактор на кој системски треба да му се пристапи.

Повеќе

 Состојбата на азилот во Република Северна Македонија 2020 година

  •  23 ноември 2021
  •  Игор Стојчевски, Теодора Ќосева Костадиновска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај претставува сеопфатен преглед на различните практики, политики и постапки во однос на системот на азил во Република Северна Македонија во 2020 година. Извештајот ги истакнува главните предизвици со кои се соочуваат барателите на азил и бегалците за време на постапката за азил и при остварување на другите права. При изработката на овој документ беа користени: a) податоци прибавени при застапување на барателите на азил, бегалците и мигрантите, лицата под супсидијарна заштита и признаените бегалци во Република Северна Македонија, б) податоци прибавени при мониторинг на состојбата и постапувањето од страна на органите со бегалците и мигрантите во транзитните центри, каде што МЗМП има достапни канцеларии, и в) податоци прибавени при присуството во канцеларијата во Прифатниот центар за баратели на азил во Скопје. Дополнително, за потребите на овој извештај беа прибавени информации од јавен карактер и беа искористени многубројни достапни извештаи и литература.

Повеќе

 Извештај од следење на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година – за 2020 година

  •  28 септември 2021
  •  м-р Ива Цоневска Вангелова, Златка Стамболиска - Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај од следењето на Стратегијата го следи планот за мониторинг на спроведувањето и евалуација на резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 година, што содржи индикатори ориентирани кон граѓаните и нивната интеракција со правосудството, за стратешките цели, насоки, мерки и активности од Стратегијата. Показателите ги мерат резултатите од Стратегијата за реформа на правосудниот сектор 2017-2022 низ призмата на човековите права и ефектите врз граѓаните, наспроти целокупното работење на секторот.

Повеќе

 Дискриминацијата во Република Северна Македонија: правна регулатива, предизвици и перцепција за дискриминаторските основи

  •  14 декември 2020
  •  Маргарита Цаца Николовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Дискриминацијата како појава има негативен ефект во општеството и доведува до создавање предрасуди и негативни перцепции кај луѓето за одредена состојба, каде на различноста повеќе се гледа како на проблем, отколку како на придобивка. Севкупната цел во борбата против дискриминацијата е да се овозможи рамноправен и фер пристап до можностите што ги нуди едно општество. Оваа анализа има за цел да ја прикаже состојбата со дискриминацијата во Република Северна Македонија преку ретроспектива на нејзината уставна и законска уреденост до проблемите околу укинувањето на Законот за спречување и заштита од дискриминација и донесувањето на новиот закон во октомври 2020 година. Периодот во кој не постоеше законска регулираност на дискриминацијата, во смисла на закон lex specialis, беше добар повод да се даде можност за директна примена на Европската конвенција за човекови права и воспоставените стандарди на Европскиот суд за човекови права во утврдување на дискриминација, согласно со член 1

Повеќе

 Анализа на уредби со законска сила

  •  18 ноември 2020
  •  Блупринт група
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Блупринт групата за реформи во правосудството подготви анализа на уредбите со законска сила кои во континуитет ги носеше техничката Влада за време на вонредната состојба во 2020 година. Овој документ ја анализира уставноста, пропорционалноста и соодветноста на уредбите, притоа давајќи оценка за нивното влијание врз правната сигурност во државата за време на вонрендата состојба.

Повеќе

 Посебен извештај за состојбата со човековите права во време на Kовид-19

  •  13 октомври 2020
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Пандемијата на вирусот КОВИД-19 предизвика глобални ефекти со размери неспоредливи со кој било друг настан во човековата историја. Брзорастечката здравствена криза, која ги погоди речиси сите држави во светот, предизвикува несогледливи економски и социјални последици, од кои човештвото допрва ќе се опоравува. Со оглед на сериозноста и неизвесниот тек на настаните, голем број влади, меѓу кои и нашата, сметаа дека е неминовно прогласување вонредна состојба заради целисходно справување со опасноста и штетите од новиот коронавирус. А бидејќи во време на вонредна состојба Владата може да презема активности надвор од рамките на она што би било дозволено во нормални околности, тоа значеше и аларм за зголемена будност на бранителите на човекови права.

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
  • Договор за Европската Унија
Види ги сите документи