Документи: Темелни права - Човекови права - Човеково достоинство

Области

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јули-септември 2022

  •  25 октомври 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Извештај за повреди на човекови права од документирани случаи во "Коалиција Маргини" за периодот 01.03.2022- 31.08.2022

  •  26 септември 2022
  •  Драгана Дрндаревска
  •  Mеѓународен
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во периодот од 1 март до 31 август 2021 година во Коалицијата Маргини се документирани 34 случаи на прекршување на правата, во кои има минимум 38 жртви од различни заедници. Документирани се 3 случаи во кои има неопределен број жртви.

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – април-јуни 2022

  •  21 јули 2022
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој краток преглед накратко се претставени клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ за периодот април-јуни 2022 година. Тој вклучува мониторинг на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2022

  •  21 април 2022
  •  Ардита Абази Имери, Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Ива Цоневска Вангелова
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во овој документ за политиките накратко се обработени клучните настани во областа на владеењето на правото во контекст на пристапувањето на Република Северна Македонија во ЕУ, што се случиле во периодот од јануари до март 2022 година. Документот опфаќа мониторинг на темелните прашања за пристапот во ЕУ (fundamentals), како и клучни документи во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: правосудство и темелни права. Документот се заснова на редовен мониторинг на клучните институции, истражување документи со достапни информации, како и барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Повеќе

 Значењето на пристапот заснован на човекови права за одговорот на здраствената криза предизвикана од КОВИД-19 во Република Северна Македонија

  •  29 март 2022
  •  Мартина Смилевска Кчева
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Пандемијата предизвикана од КОВИД-19 предизвика здравствена, економска и социјална криза во Република Северна Македонија. Како одговор на истата, владата презеде низа рестриктивни мерки за спречување на изложеноста на луѓето на вирусот и забавување на неговото ширење, како и сет мерки за ублажување на негативните ефекти од наметнатите рестрикции. Донесените мерки во значителна мера влијаеа на ограничувањето на правата на граѓаните, вклучувајќи воведување полициски час, одржување социјална дистанца, ограничено движење и собирање, затворени граници и стопирање на воздушниот сообраќај, онлајн образование, забрана за одржување верски настани и спортски натпревари, одложување на процедурални рокови во судски постапки, затворање на несуштински бизниси и сл. Додека таквите ограничувања на слободите и правата, во еден дел, можеби беа неопходни за контрола на пандемијата, сепак многу од овие политики беа премногу широки или се занемари да се земе предвид нивното влијание врз најранливит

Повеќе

 Извештај за повреди на човекови права од документирани случаи во коалиција маргини за периодот1.12.2021 – 28.2.2022

  •  29 март 2022
  •  Мања Величковска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Во периодот од 1 декември 2021 година до 28 февруари 2022 година во Коалиција Маргини се документирани 11 случаи на прекршување на права, каде има 11 жртви, од различни заедници. Случаите се документирани од стана на правници, овозможувачи на други услуги, активисти од граѓански организации со кои Коалиција МАРГИНИ соработува и самите жртви. Во 2 документирани случаи што се одвиваат на социјалните мрежи, станува збор за говор на омраза упатен кон 2 трансродови лица што визуелно се појавуваат во видео-записите или фото-материјалите вклучени во објавите на мрежите, но и кон целокупната трансродова заедница (односно кон неопределен број на лица).

Повеќе

 Задржување од имиграциски причини во Северна Македонија низ бројки

  •  29 декември 2021
  •  Игор Стојчевски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Бројот на задржани лица од имиграциски причини во 2021 година (388) е во континуиран пораст споредено со претходните години (2020 – 317, 2019 - 225). Постои мало намалување на бројот на задржани деца од имиграциски причини во 2021 година, споредено со истиот период во 2020 година. Просечното време на задржување на дете во ПТЦ Винојуг изнесува 29 денови, а најдолгото 50 денови. Во најголем број на случаи беше назначен старател на задржаните деца без придружба. Меѓутоа понекогаш имаше доцнење околу навременото назначување на старателот.

Повеќе

 МЗМП годишен извештај 2021 -Ефикасноста на правната заштита на човековите права во РСМ

  •  20 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Со седмиот Годишен извештај за ефикасноста на правната заштита на човековите права во Република Северна Македонија (Извештајот), Македонското здружение на млади правници (МЗМП)1 има цел објективно да ги презентира и да ги документира повредите на човековите права идентификувани во 2021 година од страна на здружението. Објективно и транспарентно презентирање на состојбата за почитувањето и заштитата на човековите права во државата е од примарна важност за Извештајот и за тимот на МЗМП. Овој документ се надоврзува на другите национални и меѓународни извештаи посветени на човековите права, но се фокусира на правната заштита. 

Повеќе

 Влијанието на социјалните и на мас-медиумите во креирањето на јавното мислење последиците од него изразени преку градење стереотипи, дискриминација, булинг и говор на омраза кај средношколците

  •  15 декември 2021
  •  Весна Поповска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Медиумите во земјава често информираат за состојби на врсничко насилство, агресивност и стигматизација меѓу средношколците, но недостигаат емпириски истражувања за каузалната поврзаност, изолација и онлајн наставата, ваквите настани не изостанаа во офлајн светот, што индицира дека улогата на медиумите, во целиот процес, претставува фактор на кој системски треба да му се пристапи.

Повеќе

 Мониторинг извештај за исполнетоста на планот за борба против корупција "Акција 21" и националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси

  •  10 декември 2021
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг - извештајот за исполнетоста на Планот за борба против корупција „Акција 21“ и Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси, во период од март до декември 2021 година е изработен во рамки на проектот „Следење на националните активности во борбата против корупцијата“, со цел мерење на нивото на имплементација на овие документи и приказ на отворените прашања, празнини и недостатоци во спроведувањето на планираните чекори.

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Договор за Европската Унија
  • Договор за функционирањето на Европската Унија
Види ги сите документи