Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, во рамките на проектот „Градиме мостови за заедничка иднина: Владеење на правото во насока на пристапувањето во ЕУ“ организира фокус група за студенти и претставници на граѓански организации во врска со подобрување на МК-ЕУ Ресурсниот центар (merc.org.mk).Целта на фокус групата е да се чујат ставовите на граѓаните за функционалностите на МЕРЦ, како и да се добијат предлози и идеи за идни ажурирања на платформата со цел подобрено користење.МЕРЦ 23 (merc.org.mk) претставува датабаза која овозможува категоризација, накрсно референцирање и структурно претставување на постоечката документација во земјата и Европската Унија за областите од Поглавјето 23 – правосудство, антикорупција и темелни права. Согласно структурата, МЕРЦ овозможува детален преглед и на подобластите со цел поблиско доближување на содржината до пошироката јавност.Клучните придобивки од ваков тип на веб алатка е овозможување на лесен пристап до документацијата со која се расп...
Реформите во правосудството и темелните права не се случуваат преку ноќ, ниту пак можат да се оценат само преку денешните вести. За да се добие реална слика за напредокот (или назадувањето) на земјата кон ЕУ, неопходно е да се гледа „широката слика“ и историските податоци.МЕРЦ 23 не е само обична база на документи; тоа е дигитална меморија на македонскиот евроинтегративен пат за Поглавјето 23. Од 2015 година па сѐ до денес, платформата континуирано архивира и систематизира податоци и документи.Корисниците можат лесно да го следат квантитетот и типот на донесени акти низ годините, да ја споредуваат динамиката на реформите во различни периоди и да пристапат до историјатот на клучните стратегиски документи.Во период кога информациите брзо се губат, МЕРЦ 23 останува стабилна референтна точка. Без разлика дали пишувате новинарска анализа за децениските промени во судството или академски труд за ефикасноста на законодавниот дом, податоците што ви се потребни се веќе структурирани и достапни....
Европската комисија го објави својот шести по ред Извештај за владеење на правото, а втор за неколку земји кандидатки – Северна Македонија, Албанија, Црна Гора и Србија. Минатогодишната најава за внесување на други земји кандидатки во овој инструмент не се исполни, ниту пак беа воведени препораки за земјите кандидатки како што е случајот со извештаите на земјите-членки.Од оваа година, како што беше наведено во политичките насоки на претседателката Фон дер Лајен, Комисијата дава посебен акцент на димензијата на Единствениот пазар, следејќи ги случувањата во земјите-членки.Овој годишен извештај ја оценува состојбата на владеењето на правото во сите земји-членки на ЕУ и има цел да ги поддржи земјите кандидатки во нивните реформски напори. За разлика од другите инструменти на владеењето на правото, како што е постапката за прекршување и членот 7 на ДЕУ за суспензија, овој инструмент го користи првенствено дијалогот како метод и е насочен кон зацврстување на принципот на владеење на правото...
Во контекст на значењето на Поглавјето 23 – правосудство и темелни права, особено во процесот на пристапување во Европската Унија, во рамки на проектот Мрежа 23 изработена е веб-алатката МЕРЦ 23. Со воспоставувањето на МЕРЦ ќе се овозможи уникатна национална платформа за следење и застапување на политиките од поглавјето. Иако оваа алатка беше развиена како активност во рамки на проектот, МЕРЦ 23 ќе биде презентиран на јавноста како отворен механизам за користење.