Мрежа 23+ во посета на партнерите во Подгорица

Категории

Мрежа 23+ во посета на партнерите во Подгорица

Партнерските организации во Мрежа 23+, Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет за човекови права во Република Македонија, заедно со регрантираните организации ИСИЕ и ЗИП Инстиутот, беа во посета на партнерските организации во Подгорица.

Членките на мрежата имаа средба со организациите кои работат во Поглавјето 23, односно Институтот Алтернатива, Центарот за развој на невладини организации - ЦРНВО, Центарот за граѓанско образование, Мрежата за афирмација на невладиниот сектор и Акција за човекови права (ХРА). Состаноците се одржаа на 17 и 18 мај 2017 година.

Галерија