Повик за грантови на граѓански организации

Категории

Повик за грантови на граѓански организации

Грантовата шема има вкупен фонд од 4.786.744 денари, додека пак максималниот износ по поединечен грант е 614.000 денари. Повикот е отворен за граѓански организации активни на локално и национално ниво, при што во грантовата шема ќе бидат вклучени најмалку 8 граѓански организации. Предлог-проектите треба да бидат во времетраење од 15 месеци. Крајниот рок за доставување предло-проекти е 20 април 2016 година, само во електронска форма на: network23@epi.org.mk.  Проектниот тим со електронска порака ќе го потврди приемот на апликацијата. Целосниот повик е достапен на следниов линк: https://www.dropbox.com/sh/zqjgwb9osd5niz6/AADMhzjtJyhYNT5RiRHH4TDja?dl=0.  

Право на учество на повикот имаат граѓански организации кои:
- се регистрирани во Република Македонија како здруженија или форми на нивно здружување согласно Законот за здруженија и фондации;
- се основани најмалку една година пред датумот на објавување на овој повик;
- имаат спроведено активности во областа на демократијата и владеењето на правото (специфичен фокус на Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права ќе се смета за предност);
- имаат организациски капацитет.

Како вкрстени прашања, посебно ќе се земат предвид: врската со локалната заедница, меѓуетничкиот пристап и пристапот на еднакви можности.

На повикот не можат да учествуваат организации кои се корисници на грант (beneficiary), од Делегацијата на Европската Унија, ниту како координатор, ниту како партнер, во рамките на Програмата на ИПА за поддршка на граѓанското општество и медиумите за 2014 година (IPA CSF Civil Society and Media Programme 2014) – повик EuropeAid/136-992/DD/ACT/MK.

Инфо сесијата за грантовата шема ќе се одржи во просториите на Институт за европска политика (ЕПИ) – Скопје на ул. „Антониe Грубишиќ“ бр. 2/2, на 4 април (понеделник) со почеток во 12 часот. Ве молиме вашето присуство задолжително да го најавите на: network23@epi.org.mk или на телефонскиот број 02 3 280 110, најдоцна до 1 април 2016 година.