Листа на граѓански организации-грантисти на проектот „Мрежа 23+“

Категории

Листа на граѓански организации-грантисти на проектот „Мрежа 23+“

Оваа грантова шема е дел од Проектот „Мрежа 23+“ кој го спроведуваат Институтот за европска политика - Скопје и Хелсиншкиот комитет на Република Македонија во рамките на Програмата на ЕК ИПА за поддршка на граѓанското општество (грант ИПА – 2015/372-126).

Грантовата шема во рамките на проектот „Мрежа 23+“ е тематски ориентирана и се фокусира на клучните аспекти од Поглавјето 23 - Правосудство и темелни права. Како основа за идентификување на темите се земени Итните реформски приритети на Европската комисија, наодите од Извештајот на Европската комисија за Македонија во 2015 година (Политички критериуми - Демократија и Владеење на правото, Човекови права и заштита на малцинствата и Поглавје 23 - Правосудство и темелни права), како и Стратегијата за проширување во делот Владеење на правото.

Согласно резултатите од конечната евалуација на пристигнатите пријави за учество во грантовата шема, Институтот за европска политика (ЕПИ) - Скопје на ден 27 мај 2015 година во име на проектот „Мрежа 23+“ потпиша договори за доделување грантови на 9 граѓански организации: 

1. Здружение за асистивна технологија „Отворете ги прозорците“:Имам право на еднаков пристап до правда;

2. Мултикултура: Бесплатна правна помош - предизвици и решенија; 

3. Женска акција: И мета-податоците се лични! Како до подобра рамнотежа меѓу приватноста и потребата за следењето на комуникациите?; 

4. Здружение Центар за стратегии и развој „ПАКТИС“ – Прилеп: Анализа на Законот за одредување на видот и одмерување на висината на казните; 

5. Зип Институт: Кој вработува, општината или партијата?; 

6. Коалиција „Сите за правично судење“: Мониторинг на имплементацијата на меѓународни стандарди за правично судење во Основен суд Скопје I и Скопје II; 

7. Здружение на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР): Изворите на финансирање, висината на обезбедените средства и нивното влијание врз независноста на судската власт  – Втора Анализа; 

8. Здружение Институт за стратешки истражувања и едукација: Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на Законот за заштита на укажувачи и спречувањето на корупцијата во високото образование на Р.М.; 

9. Совет за Превентива против Малолетничка Деликвенција – СППМД: Eфектите од примената на Законот за одмерување на видот и висината на казната во судската практика на Основните судови во Битола, Велес, Кочани и Кавадарци. 

Избраните проекти се во времетраење од 12, односно 15 месеци.