Прва работилница од проектот „Мрежа 23+“

Категории

Прва работилница од проектот „Мрежа 23+“

По повод склучувањето на договорите за грант во рамките на грантовата шема од проектот „Мрежа 23+“, на 27 мај 2016 година беше одржана првата работилница од овој проект. Работилницата беше наменета за организациите-грантисти и беше посветена за принципите на финансиско и административно управување со проекти финансирани од Европската Унија. 

Целите на работилницата беа: 

1. Презентирање на принципи за ефикасно и ефективно спроведување на проекти во согласност со ЕУ стандардите и практиките;

2. Споделување искуства од досега спроведени проекти финансирани од ЕУ;

3. Запознавање со стандардизираните процедури за водење административна и финансиска документација, известување и комуникација;

4. Справување со ризици и пречки за спроведување на проекти финансирани од ЕУ. 

Галерија