Документи: Резултати од пребарувањето

Области

 Презентација 12 П23 Малцинства

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Принципот на недискриминација е вграден во членот 2 ДЕУ, членот 21 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и Копенхашките критериуми за членство во Европската унија. Главен инструмент за заштита на малцинствата на Советот на Европа е Рамковната конвенција за заштита на националните малцинства (РКНМ), додека има и други инструменти наменети за заштита на принципот на недискриминација, како што се: Европската конвенција за човекови права , Европската социјална повелба и Европската комисија на Советот на Европа против расизмот и нетолеранцијата.

Повеќе

 Презентација 11 П23 Стандарди за притвор

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Членот 4 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија и различните процедурални права ги поставуваат стандардите за притвор во ЕУ. Обединетите нации ги воспоставија следните инструменти во оваа област: Конвенцијата против тортура и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување или казнување и нејзиниот факултативен протокол и Стандардните минимални правила на ОН за постапување со затворениците (Нелсон Мандела), додека Советот на Европа ги воспостави и стандардите за притвор во Европската конвенција за човекови права и Европската конвенциjа за заштита од тортура и нечовечко или понижувачко постапување или казнување.

Повеќе

 Презентација 10 П23 Права на жртви на криминал

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 8 П23 Родова еднаквост

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Родовата еднаквост се смета за една од основните вредности на ЕУ. Регулирана е со членовите 2 и 3 ДЕУ, членот 8 ДФЕУ и членовите 21 и 23 од Повелбата за фундаменталните права на Европската унија.

Повеќе

 Презентација 7 П23 Расна еднаквост и вклучување на Ромите

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 6 П23 Права на детето

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

 Презентација 5 П23 Агенција за фундаментални права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Агенцијата за основни права на ЕУ го доби својот мандат со Регулативата (ЕЗ) бр. 168/2007 на Советот од 15 февруари 2007 година за основање на Агенција за фундаментални права на Европската унија. Целта е да им обезбеди соодветна помош и експертиза на институциите, телата, канцелариите и агенциите на ЕУ и нејзините земји-членки при спроведувањето на правото на Унијата. Нејзините задачи вклучуваат спроведување на истражувања и анализи релевантни за политиките, соопштување на резултатите и подигање на свеста.

Повеќе

 Презентација 4 П23 Расизам и ксенофобија

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

ЕУ ги отфрла сите форми и манифестации на расизам и нетолеранција бидејќи се некомпатибилни со вредностите и принципите врз кои ЕУ е основана. Правната рамка вклучува: - Минимални стандарди за расистички престапки и казни (злосторства од омраза, говор на омраза); - Правила кои забрануваат поттикнување омраза и промовирање на дискриминација преку аудиовизуелните медиуми; - Минимални стандарди за правата, поддршката и заштитата на жртвите на криминал (вклучувајќи посебно внимание на жртвите на злосторства од омраза); - Законодавство во областа на недискриминација: Директивата за еднаквост при вработување, која ја покрива дискриминацијата врз основа на религија, возраст, попреченост и сексуална ориентација (2000), Директивата за расна еднаквост (2004).

Повеќе

 Презентација 3 П23 Повелба за фундаменталните права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго

Повелбата за фундаменталните права беше формално прогласена во Ница во декември 2000 година од страна на Европскиот парламент, Советот и Комисијата и на 1 декември 2009 година, со влегувањето во сила на Лисабонскиот договор, на повелбата ѝ беше дадено обврзувачко правно дејство еднакво на договорите. Повелбата ги вградува сите права содржани во судската практика на Судот на правдата на ЕУ; правата и слободите содржани во Европската конвенција за човекови права; како и други права и принципи кои произлегуваат од заедничките, уставни традиции на земјите на ЕУ и други меѓународни инструменти. Создава правна сигурност во ЕУ, правејќи ги фундаменталните права појасни и повидливи.

Повеќе

 Презентација 9 П23 Процедурални права

  •  28 октомври 2022
  •  ЕУ
  •  Oфицијален орган
  •  Друго
Институции
Види ги сите институции