Документи: Со таг Независност

Области

 Извештај во сенка за Поглавјето 23

  •  30 март 2018
  •  Мрежа 23
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Извештај во сенка за Поглавјето 23, за периодот од мај 2016 до јануари 2018 година. Овој извештај ги обединува во кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки кои произлегоа од следењето на областите структурирани во Поглавјето 23: правосудство, борба против корупција и темелни права. Ова е трет Извештај во сенка објавен од страна на Мрежа 23 и истиот му претходи на новиот Извештај за напредокот на Република Македонија кој се очекува да биде објавен од страна на Европската комисија во средината на април. Извештајот е подготвен во рамките на проектот „Мрежа 23+“, финансиран од Европската Унија.

Повеќе

 Бесплатна правна помош – Предизвици и Решенија

  •  06 септември 2017
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

ЗБПП е усвоен како дел од стратешкиот план за реформи на правосудниот систем со цел да се хармонизираат законите и другите правни акти, со законите на државите на ЕУ. Целта на ЗБПП е да се постават основите за пристап до правната помош на сите оние на кои им е потребно. ЗБПП беше усвоен во декември 2009 година, а почна да се имплементира во Јули 2010 година. На почетокот на имплементирањето бројот на барањата за добивање на БПП беше многу мал затоа што луѓето немаа информации за можноста за добивање на БПП и според резултатите на анкетата направена од страна на здружението Мултикултура и ден денес бројот на граѓаните кои имаат некоја информација за БПП е многу мал, а луѓето кои се информирани за постоењето на овој закон во најголем дел се од правната сфера. Еден од проблемите во врска со ЗБПП е тоа што не е направена доволна промоција на истиот од непознати причини и затоа граѓаните немаат доволно информации во врска со неговото постоење. Неопходно е да се оствари промоција

Повеќе

 Преглед на исполнување на Итните реформски приоритети - мај 2017

  •  09 јуни 2017
  •  Институт за европска политика
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Преглед на исполнување на Итните реформски приоритети - мај 2017 година.

Повеќе

 Судската ефикасност во справувањето со организиран криминал и корупција во заробената држава

  •  25 ноември 2016
  •  Коалиција Сите за правично судење
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Анализа

Во анализата се сумирани податоците од мониторирањето на предметите во текот на 2016 година од областа на организираниот криминал и корупција пред Одделението за организиран криминал и корупција, предмети од значење за јавноста и избран примерок од останати коруптивни предмети, а врз основа на овие податоци ги преиспитуваме прашањата за независноста, ефикасноста и непристрасноста на македонското судство во борбата против корупцијата и организираниот криминал и процената на соодветна имплементација на кривично – правните реформи со главен фокус на новиот ЗКП

Повеќе
Клучни документи
  • Скрининг извештај на Европска комисија за Република Хрватска
  • Итни реформски приоритети за Република Македонија
  • Договор за Европската Унија
Види ги сите документи