Работилница за изработка на документи за јавни политики - Мрежа 23

Категории

Работилница за изработка на документи за јавни политики - Мрежа 23

Во периодот 1 - 3 март 2017 се одржа работилница за зголемување на капацитетите на организациите за изработка на документи за јавни политики, како дел од проектот Мрежа 23. Оваа работилница беше наменета за организациите грантисти од проектната шема „Мрежа 23+“.

На работилницата беа презентирани алатки за анализи на политиките и како да се создаваат документи за јавни политики со јасни опции, а се пренесоа и позитивните искуства на организациите. Работилницата се искористи и за преглед на напредокот на тековните проекти што ги спроведуваат грантистите, како и за работа со менторите на организациите.

Воедно, на работилницата се презентираше упатство за користење и ажурирање МЕРЦ платформата, со што организациите ќе можат индивидуално да придонесат во збогатување на дата-базата.

Галерија