Анализа на примената на Законот за одредување на видот и висината на казната

Категории

Анализа на примената на Законот за одредување на видот и висината на казната

Советот за превентива против малолетничка деликвенција (СППМД) денес во МАНУ го презентираше своето истражување „Примена на законот за одредување на видот и висината на казната“, спроведено како дел од проектот Мрежа 23+.

Целта на истражувањето е да се утврди влијанието на Законот за одредување на видот и одредување на висината на казната (ЗОВОВК) врз казнената политика. За целите на истражувањето беа анализирани 150 пресуди од судовите во Тетово, Велес, Кочани и Кавадарци.

Споредбената анализа покажува дека закон со слична содржина не постои ниту во европските држави, ниту во државите од англосаксонското право. Односно, според анализата, во САД од 2005 година прописите се од консултативна природа, додека во Англија и Велс нема бодови, туку прописите се само појдовна точка за минимална санкција. Во Канада и Ирска не постојат упатства за одредување на видот и висината на казната.

Од анализираните случаи, истражувањето изведува повеќе импликации од ЗОВОВК:
  • зачестено признание на главна расправа;
  • зачестена примена на постапки за издавање казнен налог;
  • поблага санкција за потешки кривични дела;
  • построга санкција за полесни кривични дела;
  • воедначеноста не е постигната.

Имајќи ги повеќекратните негативни импликации на Законот за одмерување на видот и висината на казната, СППМД препорачува: 
  • Измена на член 39 ст. 3 од КЗ – со што ќе отпадне основот за примена на ЗОВОВК и тој ќе се укине со влегување на измените и дополнувањата на КЗ.
  • Да се врати стариот текст на член 40 од КЗ.
  • Донесување на член 41-а, во кој ќе се предвиди ублажување на казната при спогодба.
Целосното истражување ќе биде објавено во наредните денови. 

Истражувањето е направено како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската унија.

Документи за преземање

 Анализа на примената на ЗОВОВК

Галерија