Годишен состанок на членките на Мрежа 23

Категории

Годишен состанок на членките на Мрежа 23

Членките на Мрежата 23 одржаа годишен состанок на 18 декември 2017 година, во хотелот Гарденија - Велес.

На почетокот на состанокот се разгледуваа самоевалуацијата на Мрежата 23 и Нацрт-стратегијата за финансирање. Потоа, членките разговараа за активностите кои претстојат во наредниот период и за насоката во која се очекува да се развива мрежата.

На состанокот се акцентираше потребата од проширување на Мрежата 23 со организации на локално ниво, како и интензивирање на актинвостите за заедничко застапување.

Годишниот состанок на Мрежа 23 се одржа во рамките на работилницата за комуникации, која се одржува на 18-19 декември 2017.

Галерија