Работилница за нелегално стекната имотна корист

Категории

Работилница за нелегално стекната имотна корист

Мрежа 23 одржа експертска работилница за справувањето со нелегално стекнатата имотна корист. На работилницата дискутираа учесници од СЈО, Министерството за внатрешни работи, судии и граѓански организации кои работат во областа.

Обвинителката Ленче Ристовска ги сподели искуствата на Специјалното јавно обвинителство при трагањето на нелегално стекнатата имотна корист и нејзината конфискација. На работилницата се дискутираа и предвидените новости во Нацрт-стратегијата за финансиски истраги и конфискација на имот. Настанот се одржа на 27 декември, 2017 година.

Работилницата се спроведува како дел од проектот Мрежа 23+, финансиран од Европската Унија.
 

Галерија