Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? - презентирана студија за корупцијата во високото образование

Категории

Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? - презентирана студија за корупцијата во високото образование

Институтот за стратешки истражувања и едукација ја презентираше студијата „Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите?“, изработена како дел од Мрежа 23+.

Студија се фокусира на ефектите од примената на Законот за заштита на укажувачите и можностите за негова примена во спречувањето на корупцијата во високото образование. Според спроведеното истражување, дури 54% од испитаниците сметаат дека корупцијата е широко распространета во високото образование. Од истражувањето, 70% од испитаниците не знаат дека постои закон за Заштита на укажувачите, а 83% не знаат дека институцијата каде студираат има овластено лице за прием на пријави од укажувачи.

Во документот е опфатена актуелната законска рамка за спречување на корупцијата во високото образование, особено Законот за заштита на укажувачите, како и компаративните искуства и најдобрите практики во оваа област. Покрај тоа, во студијата се обработени и примарни податоци кои беа обезбедени преку спроведена анкета со студентите и со вработени, како и преку организирање на тркалезни маси во четирите универзитетски центри во нашата земја.

Документот нуди неколку препораки за клучните носители на политики, првенствено Собранието на Република Македонија и универзитетите, како и другите институции и организации во областа на високото образование на нашата земја.

Документи за преземање

 Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите? Можностите на Законот за заштита на укажувачите и спречувањето на корупцијата во високото образование во РМ Краток документ за јавна политика: Ќе има ли „свиркачи“ на универзитетите?