Документи: Правосудство - Непристрасност и одговорност

Области

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – јануари-март 2023 година

  •  27 април 2023
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар, Наум Локоски
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток документ дава преглед на клучните случувања поврзани со владеењето на правото во Северна Македонија во поглед на пристапувањето во ЕУ за периодот од јануари до март 2023 година. Тој вклучува следење на суштинските аспекти на пристапувањето во ЕУ, вклучувајќи ги и клучните случувања во областа на функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: судството и темелните права.

Повеќе

 Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – октомври-декември 2022

  •  31 јануари 2023
  •  Ангела Делевска, Ангел Мојсовски, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во периодот октомври-декември 2022 година. Тој содржи следење на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Краток документ: Владеење на правото во контекст на пристапувањето кон ЕУ – Октомври-Декември 2022

  •  31 јануари 2023
  •  Ангела Делевска Ангел Мојсовски Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој краток преглед ги сумира клучните настани во однос на владеењето на правото во поглед на пристапувањето на Северна Македонија во ЕУ во периодот октомври-декември 2022 година. Тој содржи следење на основите начела за пристапување во ЕУ, вклучително и на клучните настани во функционирањето на демократските институции, реформата на јавната администрација и Поглавјето 23: Судство и основни права.

Повеќе

 Годишен преглед на владеењето на правото во ЕУ за 2022 година

  •  30 декември 2022
  •  Корина Стратулат; Иван Новосел; Беба Жагар; Ива Цоневска Вангелова; Тина Џаковиќ; Билјана Котевска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Принципот на владеење на правото е еден од суштинските вредности што ги сочинуваат темелите на Европската Унија. Тој подразбира дека јавните институции дејствуваат во границите утврдени со законот, во согласност со вредностите на демократијата и на темелните права. Земјите-кандидатки мораат да го почитуваат овој принцип и соодветно да го приспособат функционирањето на нивните институции. Меѓутоа, и земјите-членки на ЕУ не се изземени од оваа обврска или од последиците што произлегуваат од нејзиното непочитување.

Повеќе

 Извештај во сенка за Поглавје 23 за периодот октомври 2021 – септември 2022

  •  29 декември 2022
  •  Ангела Делевска, Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Овој извештај во сенка ги обединува во единствена кохерентна целина сите наоди, заклучоци и препораки што произлегоа од следењето на областите содржани во Поглавјето 23 – Правосудство и темелни права. Ова е седми ваков извештај што го објaвува Институтот за европска политика (ЕПИ) – Скопје, земајќи ги предвид коментарите и мислењата на невладините организации.

Повеќе

 Извештај од следењето на работата на судскиот совет, јули-декември 2022

  •  28 декември 2022
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Мониторинг извештајот за работата на Судскиот совет на Република Северна Македонија се однесува на периодот од јули до декември 2022 година. 

Повеќе

 Независноста на судството во Северна Македонија: До каде сме и каде одиме?

  •  27 декември 2022
  •  Беба Жагар
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Во овој краток документ е дадено резиме на три извештаи во кои се анализира независноста на судството во Република Северна Македонија, како и препораките што можат да се извлечат од нив за подобрување на состојбата.

Повеќе

 Краток преглед на спроведените мерки од Стратегијата за реформи на правосудниот сектор (2017-2022)

  •  27 декември 2022
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Краток документ во кој се анализира напредокот забележан во институциите кои го сочинуваат правосудниот сектор, како и спроведените мерки и препораки за изготвување на новата стратегија за реформи во правосудниот сектор во однос на граѓанското законодавство.

Повеќе

 Транспарентност, отчетност и ефективност на Советот на Јавни Обвинители на Република Северна Македонија

  •  26 декември 2022
  •  Маргарита Цаца Николовска
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Документ на политика

Овој документ е подготвен во рамки на проектот „Зголемена транспарентност и отчетност на Советот на јавни обвинители“, финансиски поддржан од Француската амбасада во Скопје, а спроведен од Институтот за човекови права. Документов нуди преглед на законската рамка за транспарентност, отчетност и ефективност на Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија, преку анализа на Законот за Совет на јавни обвинители и Законот за јавно обвинителство.

Повеќе

 Анализа: Сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор (2017-2022)

  •  10 ноември 2022
  •  д-р Ардита Абази Имери, Дарко Аврамовски, Беба Жагар, Гоце Коцевски, Јелена Кадриќ, Тона Карева, Уранија Пировска, Жарко Хаџи-Зафиров
  •  Национален
  •  Невладин сектор
  •  Извештај

Периодот планиран за спроведување на Стратегијата за реформа на правосудниот сектор започна во 2017 година, а завршува во 2022 година. Блупринт-групата редовно го следеше спроведувањето на Стратегијата во изминатите години и годинава, а и активно подготвуваше анализи, извештаи и други документи со кои ѝ ги презентираше наодите од мониторингот на јавноста и ги приближи граѓаните поблиску до процесот на реформа на правосудниот сектор. Анализата за сеопфатна оцена на спроведувањето на Стратегијата има цел да даде сеопфатна и независна оцена на овој процес и да понуди препораки врз основа на наодите, кои би можеле да се вметнат во следната Стратегија за реформа на правосудниот сектор.

Повеќе