Истражувањето на ЗИП Институтот „Кој вработува, партијата или општината“ изработено во рамките на проектот Мрежа 23+, покажува дека постојат политички мотивирани вработувања на општинско ниво. Ова не изненадува, со оглед на општата политизација на администрацијата во Република Македонија и високата стапка на невработеност.